Што претставува христијанството и во што веруваат христијаните?




Прашање: Што претставува христијанството и во што веруваат христијаните?

Одговор:
Во І Коринтјани 15:1-4 се кажува: „Ви напомнувам, браќа, за евангелието, кое ви го проповедав и кое вие го примивте и во кое стоите. Преку кое и се спасувате, ако го држите цврсто како што ви го проповедав, освен ако не сте поверувале напразно. Зашто ви го предадов најнапред она што го бев и примил: дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата, и дека е погребан и дека воскресна на третиот ден според Писмата.“

Накратко христијаните веруваат точно во тоа. Христијанството е уникатно во споредба со другите видови вера. Зашто е насочено повеќе кон гредење на односи, отколку кон градење на некаква религиозна практика. Наместо да се обидува да прави списоци со „прави тоа и неправи она“, целта на христијанинот е да изгради блиски взаимоодноси со Бог Отец. Тоа е возможно единствено благодарение на делото на Исус Христос и службата на Светиот Дух во животот на христијанинот.

Христијаните веруваат, дека Библијата е боговдахновено и непогрешливо Божјо Слово, и дека поучувањето на Библијата има најголем авторитет по сите прашања. (II Тимотеј 3:16; II Петрово 1:20-21). Христијаните веруваат во Еден Бог, Кој постои во три лица – Отец, Син (Исус Христос) и Светиот Дух.

Христијаните веруваат дека човекот е создаден по еден посебен начин и да има добри взаимоодноси со Бога, но дека гревот го одделува човекот од Бога.(Римјани 5:12; Римјани 3:23) Христијанството учи, дека Исус Христос живеел на оваа земја и дека Тој е наполно Бог и наполно човек (Филипјани 2:6-11), и умре на крстот. Христијаните веруваат, дека после смртта на Христос на крстот, Тој бил погребан и три дена потоа Тој воскресна од мртвите, и сега стои од десната страна на Таткото и постојано се застапува за тие, што веруваат во Него. (Евреи 7:25) Христијанството тврди, дека смртта на Исус на крстот е доволна, за да биде платен гревот, за долгот, што сите луѓе го имаат. Точно по еден ваков начин се обновуваат прекинатите взаимоодноси помеѓу Бог и човекот (Евреи 9:11-14, Евреи 10-10, Римјани 6:23, Римјани 5:8).

За да биде спасен, секој човек треба да верува наполно во завршеното дело на Исус на крстот. Ако некој верува, дека Исус Христос умрел наместо него, дека ја платил цената за неговите гревови и дека воскреснал од мртвите, тогаш тој човек е спасен. Никој не може да направи ништо, со што ќе си го заслужи своето спасение. Никој не може да биде „доволно добар“, за да се допадне на Бог со сопствени сили, зашто сите ние сме грешници (Исаија 64:6-7, Исаија 53:6) И на второ место ништо повеќе не може да се направи, зашто Христос веќе направи се! На крстот Исус кажа: „се сврши.“ (Јован 19:30)

Како што никој не може да направи ништо за да си го заслужи спасението, на истиот начин, кога некој поверува во Христовото дело на крстот, што и да направи после тоа, не може да си го загуби спасението. Запомни, сè што е неопходно веќе е направено од Христос! Ништо во спасението не зависи од оној, што го добива! Во Јован 10:27-29 е напишано: „Моите овци го слушаат Мојот глас, и Јас ги познавам, и тие идат по Мене. Јас им давам вечен живот и никако нема да загинат и никој нема да ги грабне од Мојата рака. Мојот Татко – Кој ми ги даде е поголем од сите, и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Татко.“

Можеби некој ќе си помисли: „ Ова е супер! Сега кога веќе сум спасен, можам да правам сè што сакам и нема да си го загубам спасението!“ Но спасението не означува, дека си слободен да правиш што сакаш. Спасението значи да си слободен од тоа да слугуваш на твојата стара природа. И откако веќе си слободен да се трудиш да имаш правилни односи со Бог. Се додека верниците живеат на земјата во своите грешни тела, се дотогаш ќе водат постојана борба да не се предаваат на гревот. Животот во грев е пречка човек да има добри взаимоодноси со Бог – такви, какви што Бог сака. И се додека некој живее во грев а верува во Исус Христос, тој нема да може да се насладува на добри односи со Бог, така како што Бог имал намера за тоа. Но Христијаните можат да победат во борбата со гревот, ако го изучуваат и го применуваат Божјото Слово (Библијата) во својот живот, и ако се контролирани од Светиот Дух, т.е. ако се потчинуваат на влијанието и водството на Духот во своето секојдневие и преку Него се потчинуваат на Божјото Слово.

И така, додека многу религиозни системи бараат од човекот да прави конкретни работи, во христијанството основното е градење на взаимоодноси со Бог. Христијанството означува да веруваш, дека Христос умре на крстот, за да плати за твоите гревови, и дека воскресна. Твојот грев и долг е платен и ти можеш да имаш взаимоодноси со Бог. Можеш да победиш во борбата со твојот грев и да живееш во добри взаимоодноси со Бог и во послушност спрема Него. Тоа е вистинското библиско христијанство.


вратете се назад на основната македонкса страница

Што претставува христијанството и во што веруваат христијаните?