Дали Исус е Бог? Дали Тој некогаш претендирал, дека е Бог?




Прашање: Дали Исус е Бог? Дали Тој некогаш претендирал, дека е Бог?

Одговор:
Никаде во Библијата не е запишано дека Исус кажува: „Јас Сум Бог“. Но тоа не означува дека Тој не тврдел дека е Бог. Да ги земеме на пример зборовите на Исус во Јован 10:30: „Јас и Тако Ми едно сме.“ На прв поглед тое не изгледа така, како Исус да кажува дека е Бог. Но ајде да видиме како возвраќаат јудејците на тоа Негово тврдење: „Не Те каменуваме заради добро дело, туку заради богохулство – зашто Ти, бидејќи човек, се правиш Бог.“ (Јован 10:33) Јудејците го прифаќаат тоа искажување на Исус како тврдење, дека Тој е Бог. И во следните стихови Исус не ги поправа јудејците и не им кажува: „Јас не сум рекол дека сум Бог.“ Тоа покажува дека Исус навистина имал во предвид точно тоа, дека е Бог со зборовите: „Јас и Тако Ми едно сме.“ (Јован 10:30) Јован 8:58 е друг пример. Исус кажува: „Вистина, вистина ви велам: Јас сум пред да се роди Авраам.“ И повторно во одговор на Неговите зборови јудејците повторно земаат камени и сакаат да Го убијат. (Јован 8:59) Зошто јудејците сакаа да Го убијат Исуса со камења ако тие не мислеа дека Тој кажува нешто богохулно, а именно – дека е Бог?

Во Јован 1:1 се кажува дека: „Словото беше Бог.“ Во Јован 1:14 пишува: „Словото стана тело...“ Во Дела 20:28 се кажува: „Внимавајте... за да ја пасете Божјата Црква, која Тој ја придоби со Својата крв.“ Кој ја придобил црквата со својата собствена крв? Исус Христос. Дела 20:28 кажува дека Бог ја откупил Црквата со Својата крв. Тоа значи дека Исус Христос е Бог!

Тома, еден од учениците на Исус кажува за Исус: „Мој Господ и мој Бог.“ (Јован 20:28) Исус не го поправува. Тит 2:13 не охрабрува да го чекаме доаѓањето на нашиот Господ и Спасител – Исус Христос (види исто во II Петрово 1:1). Во Евреи 1:8 Бог Таткото кажува за Синот: „„А за Синот вели: „Твојот престол, Боже, стои во сите векови и жезол на правдата е жезолот на Твоето Царство.“

Во Откровение едн ангел го поредупредува Јован да се поклонува само на Бога (Откровение 19:10). На неколку пати во Писмата е запишано како Исус прима поклонение (Матеј 2:11; 14:33; 28:9, 17; Лука 24:52; Јован 9:38). Тој никогаш не ги изобличуваше луѓето затоа, што Му се поклонуваа. Ако Исус не беше Бог, тогаш Тој ѓе има кажеше на луѓето да не Му се поклонуваат, исто како што направи ангелот од Откровение. Има многу други стихови и куплети во Словото, во кои се потврдува божественоста на Исус.

Најважната причина поради која би требало Исус да е Бог е, дека ако Тој не беше Бог, тогаш Неговата смрт немаше да биде доволна за да се плати казната за гревовите на целиот свет (I Јован 2:2). Единствено само Бог може да плати за таа толку голема казна. Единствено Бог може да ги понесе гревовите на светот (II Коринтјани 5:21), да умре и потоа да воскресне – и така да ја докаже Својата победа над гревот и смртта.


вратете се назад на основната македонкса страница

Дали Исус е Бог? Дали Тој некогаш претендирал, дека е Бог?