Кој е Патот на спасението од Посланието до Римјаните?




Прашање: Кој е Патот на спасението од Посланието до Римјаните?

Одговор:
Патот на спасението од Посланието до Римјаните е начин да се сподели Евангелието на спасението со користење на стихови од Библиската книга - Посланието до Римјаните. Тоа е обичен, но истовремено доста влијателен метод со кој се објаснува: Зошто ние имаме потреба од спасение, како Бог ни го осигурил тоа спасение, како да го добиеме спасението и кои се резултатите од спасението.

Првиот стих од Патот на спасението од Посланието до Римјаните е 3:23: „Зашто сите згрешија и им недостасува Божјата слава.“ Сите ние згрешивме. Сите ние сме правеле работи, што не му се допаѓале на Бог. Нема ниту еден невин. Римјани 3:10-18 дава едно подетално објаснување на тоа, што представува гревот во нашиот живот. Вториот стих од Патот на спасението од Посланието до Римјаните, 6:23, нè учи за последиците од гревот: „зашто смртта е плата за гревот, но благодатниот Божји дар – вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ.“ Казната што ја заслужуваме поради нашите гревиви е смрт – не само физичка смрт, но вечна смрт!

Третиот стих од Патот на спасението од Посланието до Римјаните е продолжение на 6:23: „ ... но благодатниот Божји дар – вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ.“ Римјани 5:8 тврди: „ Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.“ Исус Христос умре за нас! Смртта на Исус ја плати цената за нашите гревови. Воскресението докажа, дека Бог ја прифаќа смртта на Исус, како плаќање на цена за нашите гревови.

Четвртата станица по Патот на спасението од Посланието до Римјаните е 10:9: „Зашто ако со твојата уста исповедаш, дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш, дека Бог го воскресна од мртвите, ќе бидеш спасен.“ Затоа што Исус умре наместо нас, единственото нешто што можеме да направиме е да веруваме во Него и да му се довериме, дека Неговата смрт ја платила цената за нашите гревови и ќе бидеме спасени! Во Римјани 10:13 повторно се кажува: „секој, кој ќе Го повика Господовото име, ќе се спаси.“ Исус умре за да ја плати цената за нашите гревови и за да нè спаси од смртта. Спасението, простувањето на гревовите е на дофат за секој кој ќе се довери на Исус Христос како негов Господ и Спасител.

И последната страна од Патот на спасението од Посланието до Римјаните ги открива резултатите на спасението. Римјани 5:1 ја носи во себе следната прекрасна порака: „И така, бидејќи оправдани преку верата, имаме мир со Бога, преку нашиот Господ Исус Христос.“ Преку Исус Христос ние можеме да имаме односи со Бога, исполнети со мир. Римјани 8:1 нè поучува: „И така, сега нема осудување за оние кои се во Христа Исуса.“ Поради смртта на Исус за нашите гревиви, ние никогаш нема да бидеме осудени за нив. И на крај доаѓа редот на Божјото ветување во Римјани 8:38,39: „Зашто сум уверен дека ни смртта ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса нашиот Гопсод.“

Дали сакаш да го поминеш Патот на спасението од Посланието до Римјаните? Ако сакаш тука ти предложуваме една молитва, со која можеш да се помолиш. Изговарањето на оваа молитва е еден начин да кажеш на Бога дека се надеваш во Исус Христос за твоето спсение. Самото изговарање на овие зборови нема да те спаси. Единствено верата во Исус Христос ќе те спаси од твоите гревови! „Господе знам дека сум погрешил/а кон Тебе и дека заслужувам да бидам казнет/а за тоа. Но Исус Христос ја зеде на Себе казната, што јас ја заслужив, така да преку вера во Него да ми биде простено. Јас сега, со Твоја помош, свртувам грб на својот грев и Ти се доверувам за моето спасение. Ти благодарам за Твојата прекрасна благодат и простителност, за дарот – вечен жовот! Амин!“

Дали тоа што го прочита до тука те доведе до одлука да Го прифатиш Исус Христос? Ако одговорот е „ДА“ тогаш притисни на копчето „Денес го прифатив Христос“


вратете се назад на основната македонкса страница

Кој е Патот на спасението од Посланието до Римјаните?