Прашање
Што се случува после смртта?
Одговор
Прашањето за тоа што се случува после смртта е доста конфузен. Во Библијата не е конкретно кажано кога даден човекот го настигнува вечната судбина. Но се кажува дека после смртта, човекот го одведуваат во пеколот или во рајот, врз основа на тоа дали го прифатил Исус Христос за свој Спасител. За оние, кои веруваат смртта означува напуштање на своето тело, за да бидат вечново Божјото присуство. (II Коринтјани 5:6-8; Филипјани 1:23) А за оние, кои не веруваат – вечна казна во пеколот (Лука 16:22-23).
И точно тука настапува конфузноста за тоа, што се случува после смртта. Откровение 20:11-15 опишува како сите луѓе, кои што се во пеколот ќе бидат фрлени во огненото езеро. Главите 21 и 22 од книгата откровение ги опишуваат новото небо и новата земја. Токму затоа изгледа, дека до моментот на своето воскресение, изгледа дека човекот после смртта живее во „повременен“ рај и пекол. Вечната судбина на човекот нема да се промени, но ќе се промени точната „локација“ на неговата вечна судбина. Во даден момент, после смртта, верниците ќе бидат одведени на новото небо и на новата земја (Откровение 21:1), а неверниците ќе бидат фрлени во огненото езеро (Откровение 20:11-15). Тоа ќе биде последната местоположба не секој еден човек – тоа ќе се определува единствено од тоа, дали човекот се доверил единствено на Исус христос за спасението на своите гревови.
English
Што се случува после смртта?