Што се зборува во Библијата за пиењето на алкохол? Дали е грев христијанинот да пие алкохол / вино?




Прашање: Што се зборува во Библијата за пиењето на алкохол? Дали е грев христијанинот да пие алкохол / вино?

Одговор:
Давањето на десеток е област, во која многу христијани имаат проблеми. Во многу цркви се обраќа претерано многу внимание на давањето на десеток. Истовремено многу христијани откажуваат да се покорат на стимулот во Библијата да се принесува дар на Господ. Десетокот / давањето на дар е предвиден за да носи радост на оној, кој дава – да биде за негов благослов. За жал тоа се среќава многу ретко во црквите денес.

Десетокот е старозаветен термин. Десетокот се барал по Законот, според кој сите Израелци требало да даваат 10 % од се што спечелиле или произвеле, во Скинијата / Храмот. (Левит 27:30; Броеви 18:26; Второзаконие 14:24; II Летописи 31:5). Некои го прифаќаат старозаветниот десеток како некаков вид данок, со кој се задоволувале потребите на свештениците, левитите, кои учествувале во тогашниот систем на принесување на жртви. Никаде во Новиот завет не се заповедува, ниту се препорачува на христијаните да се потчинуваат на легалистичниот систем на давање на десеток. Апостолот Павле кажува, дека верниците треба да одделат дел од своите доходи за да ја издржуваат црквата. (I Коринтјани 16:1-2).

Во Новиот завет никаде не се зборува за тоа колкав процент од доходот треба да се одделува Се кажува само дека треба да е според примањето на човекот. (I Коринтјани 16:2). Црквата ги прифатила старозаветните 10 % како „препорачителен минимум,“ што треба да го даваат христијаните. Но христијанинот не треба да се чувствува должен дека секогаш треба да дава десеток. Тој треба да дава доколку има можност - според „своите примања“. Тоа означува дека понекогаш треба да се дава повеќе од десеток а понекогаш помалку. Се зависи од можностите на христијанинот, како и од потребите на црквата. Секој христијанин треба да се моли силно и да бара мудрост од Бога за тоа, дали да даде десеток или дарение, како и за тоа колку да даде. (Јаков 1:5) „ Секој нека даде како што одлучил во срцето, а не со жал и не од принуда, зашто Бог го љуби радосниот дарител“ (II Коринтјани 9:7).


вратете се назад на основната македонкса страница

Што се зборува во Библијата за пиењето на алкохол? Дали е грев христијанинот да пие алкохол / вино?