settings icon
share icon
Прашање

Дали спасението е само преку вера или преку вера и дела?

Одговор


Ова е, можеби, најважното прашање во целата христиjaнска теологија. Ова прашање е причината за да се случи Реформацијата – расцепот помеѓу протестанската и католичката црква. Ова прашање е изразот на основната разлика помеѓу библиското христијанство и голем дел од „христијанските“ култови. Дали спасението е само преку вера или преку вера и дела? Дали сум спасен само ако верувам во Исус Христос или треба да верувам во Него и да извршам некои определени работи.

Прашањето за тоа дали спасението е само преку вера или преку вера плус дела се отежнува од некои библиски стихови, кои на прв поглед изгледаат противоположни. Спореди ги Римјани 3:28, 5:1 и Галатјани 3:24 со Јаков 2:24. Некои мислат дека има разлика помеѓу Павле (спасение само преку вера) и Јаков (спасение преку вера плус дела). Всушност Павле и Јаков воопшто не се на спротивна страна. Единствената несогласност, што некои луѓе мислат дека постои, е само во односот помеѓу верата и делата. Павле богословски кажува дека оправдувањето е возможно единствено преку вера (Ефесјани 2:8-9), додека при Јаков ни се чини дека оправдувањето е преку вера и дела. Овој „навидум“ проблем може да се разреши ако се проучи, што всушност имал во предвид Јаков. Јаков го отфрла верувањето, дека човек може да има вера без да раѓа добри дела (Јаков 2:17-18). Тој тврди дека вистинската вера во Исус Христос ќе произведе променет живот и добри дела (Јаков 2:20-26). Јаков не тврди дека оправдувањето е преку вера плус дела, но дека човек, кој навистина е оправдан преку вера, ќе има и добри дела во својот живот. Ако некој човек тврди дека е верник, но во неговиот живот недостасуваат добри дела, тогаш најверојатно тој нема вистинска вера во Исус Христос (Јаков 2:14, 17, 20, 26).

Истото тоа го кажува и апостол Павле во своите посланија. Елементите од добриот плод, што верниците треба да го имаат во својот живот, се изброени во Посланието до Галатјаните 5:22-23. Прво тој ни кажува дека сме спасени преку вера а не преку дела (Ефесјани 2:8-9), а веднаш потоа тој не информира дека сме создадени за добри дела (Ефесјани 2:10). Павел очекува резултати од променетиот живот на верникот исто како и Јаков: „И така, ако е некој во Христа, тој е ново создание; старото помина, ете: сè стана ново!“ (II Коринтјани 5:17) Нема разлика меѓу Павле и Јаков во поучението за спасението. Тие разгледуваат иста тема од различен агол. Павле наблегнува врз тоа, дека спасението е само преку вера, а Јаков поставува акцент врз фактот, дека верата во Христос раѓа добри дела.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Дали спасението е само преку вера или преку вера и дела?
© Copyright Got Questions Ministries