Зошто да не се самоубијам?




Прашање: Зошто да не се самоубијам?

Одговор:
Срцето ми страда за оние, кои сакаат да постават крај на својот живот. И ако во овој момент тоа си ти, сигурно си исполнет со многу емоции, како: безнадежност и очај. Можеби се чувствуваш така како да си паднал во најдлабоката бездна и се сомневаш, дека од некаде воопшто ќе се појави зрак светлина и дека ситуацијата може да се подобри. Ти се чини дека никој не е загрижен за тебе и дека никој не ја разбира твојата состојба. Си мислиш дека животот не заслужува да се живее... А можеби сепак си заслужува!

Секој почувствувал такви емоции на слабост во даден момент од својот живот. Кога јас сум бил емоционално разрушен сум си мислел: „Дали е возможно ова да е волјата на Бог, Кој ме создал?“ или „Толку ли е немоќен Бог, та не ми помага? Дали моите проблеми се премногу големи за Него?“

Се радувам дека можам да ти кажам, дека ако одделиш малку време за да размислуваш врз тоа да Го оставиш Бог да биде навистина Бог во твојот живот, точно сега, Тој ќе ти покаже колку навистина е велик! „Зашто ниеден збор од Бога нема да остане без сила.“ (Лука 1:37) Можеби некои непријатни случки во твоето минато станале причина да се чувствуваш постојано отфрлен и изолиран. Тоа можеби предизвикало гнев, огорчување, самосожалување, одмаздување, нездрави стравови и мисли и т.н., кои предизвикале проблем во некоја од најважните твои односи со другите. Но самоубиството ќе доведе само до емоционална пустота за твоите блиски, кои ти никогаш не би сакал да ги повредиш, и така ќе им создадеш болка, која што ќе ги мачи цел живот.

Зошто да не се самоубијам? Пријателче, колку и лоша да е ситуацијата во твојот живот, Бог на љубовта те чека да му дозволиш Тој да те одведе низ тунелот на очајот и да те изведе во Неговата ослепувачка светлина. Тој е твојата сигурна надеж. Тој се вика Исус.

Овој Исус, безгрешниот Син н Бог, се поистоветува со тебе во секој еден момент на одфрлување и понижување, кои си ги преживеал/а. Пророкот Исаија за Него пишува: “Немаше на Него ни убавина ни блесок за да би сме се загледале во Него,ни милозливост за да би ни се допаднал. Беше презрен, отфрлен од луѓето, човек на болката, свикнат на страдања, од кого секој го отстранува лицето, беше презрен, и за ништо го сметавме. А Тој ги понесе нашите болести, ги зеде врз Себе нашите болки, додека ние сметавме дека Бог Го бие и Го понижува. За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот мир падна врз Него, преку Неговите рани ние се исцеливме. Сите скитавме како овци, и секој одеше по својот пат. А Господ ги возложи на Него беззаконијата на сите нас.“ (Исаија 53:2-6)

Пријателче, Исус Христо го издржа сето ова за да бидат простени твоите гревови! Колку и голема да е твојата вина знај дека Тој ќе ти прости ако со смиреност се покаеш (ако се обратиш од своите гревови кон Бог). „И повикај Ме во тежок ден: ќе те ослободам, а ти ќе ме славиш.“ (Псалм 50:15) Ништо од тоа што си направил/а не може да биде толку лошо та Исус да на може да ти го прости. Некои од Неговите најголеми слуги направија ужасни гревови: убиство (Мојсеј), прељуба (цар Давид), физичко и емоционално насилство (ап. Павле), и покрај тоа на нив им е простено и им е даден изобилен живот во Господа. „Измиј ме целиот од мојата вина, очисти ме од мојот грев.“ (Псалм 51:2) „ И така, ако е некој во Христа, тој е ново создание; старото помина ете: сè стана ново.“ (2 Коринтјани 5.17)

Зошто не треба да се самоубиваш? Пријателче, Бог чека и е готов да го поправи „скршеното“- а имено твојот сегашен живот, на кој сакаш да поставиш крај со самоубиство. Ето што пишува пророкот Исаија. “Духот на Господа Бога е на Мене, зашто Господ Ме помаза, Ме испрати да им донесам Радосна вест на бедните, да ги излечам скршените срца, да им проповедам слобода на заробените и ослободување на оние, кои се во темницата; да ја навестам годината на Господовата милост и денот на одмаздата на нашиот Бог; да ги развеселам натажените на Сион и да им дадам венец место пепел, масло на радост место облека на жалост, песна благодарница место очаен дух. И ќе ги викаат Дрвја на Правдата, Господов Расад – за Неговата слава.“ (Исаија 61:1-3)

Дали ќе Го прифатиш Бога да биде твој Господар и Пастир? Тој ќе ги води твоите мисли и чекори ден по ден преку Своето Слово – Библијата. „ Ќе те учам и ќе ти го покажам патот по кој треба да одиш, ќе те советувам, Моето око ќе бдее над тебе.“ (Псалм 32:8) „Надежен е твојот век: мудроста и знаењето се спасоносно благо, а Господовиот страв негово богатство.“ (Исаија 33:6) Кога си веќе во Христос ти и понатаму ќе имаш борби но тогаш ќе имаш и НАДЕЖ. Тој е „пријател поприврзан и од брат.“ (Пословици 18:24) Благодатта на Господ Исус да биде со тебе кога ја донесуваш таа важна одлука.

Ако сакаш да Му се препуштиш на Исус Христос како на твој Спасител кажи Му ги овие зборови со твоето срце: „Господе, ми требаш. Те молам да ми простиш сè што сум направил. Верувам во Исус Христос, дека Тој е мој Спасител. Те молам исчисти ме, исцели ме, и вратија радоста во мојот живот. Ти благодарам за Твојата љубов кон мене и за смртта на Исус на крстот, каде што ги понесе моите гревови.“

Дали тоа што го прочита до тука те доведе до момент да земеш решение да Го прифатиш Исус Христос? Ако одговорот ти е „ДА“ тогаш притисни на копчето „Денес го прифатив Христос“


вратете се назад на основната македонкса страница

Зошто да не се самоубијам?