Дали домашните миленици / животните ќе отидат во рајот? Дали домашните миленици / животните имаат души?




Прашање: Дали домашните миленици / животните ќе отидат во рајот? Дали домашните миленици / животните имаат души?

Одговор:
Библијата не дава конкретен одговор на тоа прашање. Но ние ако се повикаме на некои универзални библиски принципи ќе можеме да дадеме малку јаснотија по тоа прашање. Бог им дава животворен дух на човекот (Битие 20 и на животните (Битие 1:30; 6:17; 7:15, 22)Основната разлика помеѓу човекот и животните е дека човекот е создаден по Божји лик и сличност ( Битие 1: 26-27). Животните не се создадени по Божји лик и сличност. Фактот дека човекот е создаден по Божјиот лик и сличност (Битие 1:26-27) означува дека луѓето се како Бог – тие се духовни суштества, кои содржат карактеристики на одделни личности: ум, емоции и волја. Луѓето поседуваат такви карактеристики, кои продолжуваат да постојат и после смртта. Ако домашните миленици / животните имаат „душа“ или некаков нематеријален аспект, тогаш тој би требало да биде со различна природа или со понизок „квалитет“ од душата на човекот. Од таа разлика може да се претпостави, дека „душите“ на домашните миленици / животните престануваат да постојат после смртта.

Друг фактор, на кој треба да се обрати внимание, е тоа дека животните навистина се дел од творечкиот процес на Бог во книгата Битие. Бог ги создаде животните и кажа дека се добри (Битие 1: 25). Ете зошто немаме причина да сметаме дека нема да има животни во Новата земја (Откровение 21:10). Со сигурност ќе има животни по време на Илјадагодишното Царство (Исаија 11:6; 65:25). Но е невозможно да се каже со сигурност, дека меѓу тие животни ќе се и нашите домашни миленици, што сме ги имале тука на земјата. Но ние сме убедени, дека Бог е праведен, и дека кога ќе отидеме во рајот ќе бидеме потполно согласни со Неговата одлука, без разлика на тоа каква е таа.


вратете се назад на основната македонкса страница

Дали домашните миленици / животните ќе отидат во рајот? Дали домашните миленици / животните имаат души?