settings icon
share icon
Прашање

Што вели Библијата за сексот пред брак?

Одговор


Во Писмата се осудува сексот извршен пред брак заедно со сите други видови сексуална аморалност. (Дела 15:20; Римјани 1:29; I Коринтјани 5:1; 6:13, 18; 7:2; 10:8; II Коринтјани 12:21; Галатјани 5:19; Ефесјани 5:3; Колосјани 3:5; I Солунјани 4:3; Јуда 7). Библијата го стимулира сексуалното воздржување пред бракот. Предбрачниот секс е исто толку грешен колку и прељубата и другите форми на сексуална аморалност, затоа што станува збор за сексуални односи со некој, за кој човекот се уште не е оженет. Сексот меѓу сопругот и сопругата е единствената форма на сексуални односи, што Бог ја одобрува и ја благословува (Евреи 13:4).

Причините, поради кои денес толку често го среќаваме сексот пред бракот, се многу. Ние обраќаме големо внимание на сексот како „репродукција“ и забораваме дека тој исто така служи и за забавување и одмор. Да сексот носи задоволство. Бог го создал по таков еден начин. Тој сака мажите и жените да уживаат во нивните сексуални односи (во рамките на бракот). Но и покрај тоа главната цел на сексот не е задоволството но репродукцијата. Бог не го забранува сексот пред брак, за да не лиши од задоволството, кое бездруго Тој ни го дава, но за да не чува од предвремена бременост и раѓање на деца, чии родители или не ги сакаат или не се готови за да ги одгледаат. Претставете си колку подобар ќе беше светот ако се исполнуваше Божјиот модел за сексот: ќе имаше помалку болести – предадени по полов пат, помалку неомажени мајки, помалку несакани бремености, помалку абортуси и т.н. Воздржувањето е единственото нешто, што го препорачува Бога во однос на сексуалните односи пред бракот. Сексуалното воздржување спасува животи, предоставува заштита на многу несакани бебиња, им придава значење на сексуалните односи, и што е најважно Го почитува Бога.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што вели Библијата за сексот пред брак?
© Copyright Got Questions Ministries