Каков човек е христијанинот?




Прашање: Каков човек е христијанинот?

Одговор:
Дефиницијата за христијанин во речникот на Вебстер е: „Човек кој што верува во Исус како Христос (Месијата) или во религијата што се создава врз учението на Исус.“ Горната дефиниција не успева да ја представи во вистинска светлина библиската позиција за тоа што е христијанинот, покрај тоа што, како и многу други светски дефиниции, дава некаква појдовна точка за тоа што представува христијанинот.

Зборот „христијанин“ е употребен три пати во Новиот завет (Дела 11:26; 26:28; 1 Петар 4:16). Следбениците на Исус Христос за прв пат се наречени „христијани“ во Антиохија (Дела 11:26), затоа што нивното однесување, дела и зборови биле слични на Христовото однесување, дела и зборови. Првобитно зборот „христијанин“ бил употребуван од страна на необратените луѓе во Антиохија како прекар, со кој што изразувале омраза и исмејување кон христијаните. Буквално терминот означувал: „припадност кон партијата на Христос“ или „приврзаник или следбеник на Христос“, што во голем процент се препокрива со терминот од речникот на Вебстер.

За жал со текот на времето зборот „христијанин“ губи голем дел од својата првобитна смисла и започнува често да се употребува за некој, што е религиозен или има високи морални вредности, наместо за вистинскиот нановороден следбеник на Исус Христос. Многу луѓе што не веруваат во Исус Христос и не се надеваат на Него, се сметаат за христијани, само затоа што посетуваат црква или, затоа што живеат во „христијанска“ нација. Но одењето в црква, помагањето на луѓе со различни проблеми, или тоа дека ти си добар човек нема да те направи христијанин. Како што еден евангелизатор кажува: „Одењето во црква не го прави човекот христијанин исто како и влегувањето во гаража не те претворува во автомобил.“ Да бидеш член во некоја црква, да бидеш редовен на богослужбите и да помагаш финансиски активностите на црквата не те прави христијанин.

Библијата нè поучува дека нашите добри дела нема да го натераат Бог да не прими кај Себе. Во Тит 3:5 се кажува: „Нè спаси не врз основа на праведните дела што сме ги направиле ние, туку по Својата милост, преку капењето на новораѓањето и обновувањето на светиот Дух.“ Според тоа христијанин е оној што е нановороден од Бог (Јован 3:3; Јован 3:7; 1 Петрово 3:23), верува и има доверба во Исус Христос. Во Ефесјани 2:8 ни се кажува: „зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите – тоа е Божји дар.“ Вистинскиот христијанин е оној што се покајал за своите гревови и верува и се надева единствено на Исус Христос. Тој не ја дава својата доверба во следење на некаква религија, во спроведување на определени морални вредности или на списоци, во кои што пишува што треба да прави и што – не.

Вистинскиот христијанин е човек, кој верува и се доверува единствено на Исус Христос и во фактот, дека Тој умре на крстот, за да плати за гревовите на луѓето, дека воскресна на третиот ден, дека ја победи смртта и дава вечен живот на сите оние, што веруваат во Него. Во Јован 1:12 пишува: „А на сите кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име.“ Вистинскиот христијанин е дете на Бога, тој е дел од Неговото семејство, оној што добил нов живот во Христос. Вистинскиот христијанин се познава по својата љубов кон другите и во послушноста кон Божјото слово (1 Јован 2:4; 1 Јован 2:10).

Дали тоа што го прочита до тука те доведе до одлука да Го прифатиш Исус Христос? Ако одговорот е „ДА“ тогаш притисни на копчето „Денес го прифатив Христос“


вратете се назад на основната македонкса страница

Каков човек е христијанинот?