Прашање
Што кажува Библијата за диносаурусите? Дали Библијата воопшто зборува за диносаурусите?
Одговор
Темата за диносаурусите е дел од една долга дебата во христијанските средини - што се однесува за староста на земјата, правилната интерпретација на Битие, како и прашањето како да ги толкуваме физичките докази, што ги откриваме во денешно време. Тие што веруваат во големата старост на земјата се согласни дека во Библијата не се зборува за диносауруси, зашто, по нивната логика, диносаурусите изумреле милиони години пред да се појави првиот човек на земјата. Луѓето, кои ја напишале Библијата никогаш не виделе диносауруси.
А оние, кои веруваат дека земјата е на помалку години веруваат, дека во Библијата се споменуваат диносауруси, макар да не се користи точниот збор „диносаурус“. Наместо него се користи еврејскиот збор tanniyn.Овој збор се преведува по неколку различни начини во англиската верзија на Библијата: понекогаш како „морско чудовиште,“ друг пат како „змија“. Најчесто се преведува како „змеј“. Изгледа дека зборот „tanniyn“ означува некаков вид голем влекач. Овие суштества се споменуваат барем 30 пати во Стариот завет и се опишува дека живеат како и на земјата, така и во водата.
Освен овие големи влекачи, во Библијата се споменуваат и други две суштества по истиот начин, и многу научници сметаат, дека станува збор за диносауруси. Се кажува дека „behemothе“ најсилното од сите Божји суштества – гигант, чија опашка е слична на кедровото дрво. (Јов 40:15, 16) Некои научници се обидуваат да го определат behemothе како нилски коњ или како слон. Други истакнуваат дека нилските коњи имаат многу мали опашки, што во никој случај не можат да се споредат со кедровото дрво. Од друга страна диносаурусите како брахиозаварот и диплодокот имале огромни опашки, што лесно би можеле да ги споредиме со кедрово дрво.
Скоро во сите древни цивилизации постои некаков вид уметност, која прикажува огромни суштества – влекачи. Фосили, артефакти и дури мали глинени фигури, кои се откриени во Северна Америка се слични со денешните претстави за диносаурусите. Пештерни слики во Јужна Америка покажуваат како луѓе јадат диплодокообразни суштества. Зачудувачки е фактот, дека тие слики имаат општи црти со трицератопо-, птеродактило- и тиранозавро-рекс-подобните суштества. Римски мозаики, глинани садови од цивилизацијата на маите, како и вавилонските градски ѕидови се сведоци за големиот интерес на човекот кон тие суштества, кој не е ниту културно ниту географски ограничен. Реални раскази како тие на Марко Поло - Il Milione исполнети со фантастични чудовишта, кои чуваат богатства. И денеска се продолжува да се дебатира врз сведоштва за видени, слични на тие, суштества, макар да пристапот кон тие информации е доста скептичен.
Како дополнение кон огромниот број антрополошки и историски докази за заедничкото живеење на човекот и диносаурусите, има и други физички докази како на пример: фосили на траги од луѓе и од диносауруси, кои се откриени заедно на места во северна Америка и централно – западна Азија.
И така, дали има диносауруси во Библијата? Сеуште не може да се даде категоричен одговор на тоа прашање. Многу зависи од тоа како ги толкуваме доказите, со кои што располагаме, како и на тоа како гледаме на светот околу нас. Тука во www.GotQuestions.org ние веруваме во „помладата“ возраст на земјата и прифаќаме, дека диносаурусите и луѓето живееле истовремено. Веруваме дека диносаурусите умреле некаде после потопот, како резултат од драстични промени во околната средина, како и дека диносаурусите биле безмилосно гонети и истребени од страна на човекот.
English
Што кажува Библијата за диносаурусите? Дали Библијата воопшто зборува за диносаурусите?