settings icon
share icon
Прашање

Дали навистина Библијата е Божјо Слово?

Одговор


Одговорот на ова прашање, не само што ќе го определи тоа што го мислиме ние за Библијата, и што означува таа за нас, но ќе остави еден траен впечаток во нас. Ако Библијата е навистина Божјо Слово, тогаш ние треба да ја почитуваме, да ја изучуваме, да веруваме во неа и да се стремиме кон послушност на тоа, што таа го кажува. Ако Библијата е Божјо Слово, тогаш да ја отфрлиме означува да Го отфрлиме Бога.

Фактот дека Бог ни даде Библија ја покажува Божјата љубов кон нас. Терминот „откровение“ едноставно означува, дека Бог ја представува Својата природа пред луѓето и ни покажува како можеме да имаме правилни односи со Него. Тоа се работи, што нема како да ги разбереме ако Бог на еден божествен начин не ги покажа во Библијата. Покрај тоа што откровението во Библијата се дава во еден прогресивен вид (за време од 1500 години), тоа од секогаш содржи сè, што треба да знаеме за Бог, за да можеме да се радуваме на едни добри односи со Бога. Ако Библијата е навистина Божјо Слово, тогаш таа е највисокиот авторитет по сите прашања за верата, религиозната пракса и за моралот.

Прашањето, што можеме да си го поставиме е: „Од каде да бидеме сигурни, дека Библијата е Божјо Слово а не само една убава книга?“ Што е тоа што ја прави посебна и ја одделува од сите други религиозни книги, што се пишувани некогаш? Дали постои некаков доказ, дека Библијата е навистина Божјо Слово? Тоа се прашањата што треба да ги разгледаме ако сакаме сериозно да го проучиме библиското тврдење, дека Библијата е Божјото Слово, кое е инспирирано од Бога и доволно да даде одговор на сите прашања за верата и делата.

Не постои сомнеж дека Библијата тврди, дека навистина е Божјо Слово. Тоа јасно може да се забележи во II Тимотеј 3:15-17: „...зашто од детството ги познаваш Светите Писма, кои можат да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса. Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата, за да биде божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело.“

За да одговориме на ова прашање треба најпрво да ги разгледаме внатрешните, како и надворешните докази за тоа, дека Библијата е Божјо Слово. Внатрешните докази се наоѓаат внатре во самата Библија и даваат потврда за нејзините божествени корени. Едно од првите внатрешни докази дека Библијата навистина е Божјо Слово е нејзиното единство. И покрај тоа што таа содржи 66 книги напишани на три различни континенти, на три различни јазика, во време од 1500 години, од повеќе од 40 автори (кои се со различни корени и начин на живот), Библијата си останува и понатаму една целост и во неа нема противоречности. Тоа единство е уникалано и ја прави поразлична од сите други книги, и е доказ дека зборовите се создадени од Бога, така што Бог ги ставил во срцата на сите тие мажи на верата.

Деталните пророштва се исто така е еден внатрешен доказ, дека Библијата е навистина Божјо Слово. Библијата содржи стотици пророштва, кои се однесуваат за иднината на различни нации, како и за Израел, за иднината на конкретни градови, за човештвото во целост, и за доаѓањето на Месијата – Спасителот не само на Израел, но и на сите, кои би поверувале во Него. За разлика од пророштвата во други религиозни книги како на пример тие на Нострадамус, библиските пророштва се доста подетални и без иклучок секогаш се исполнуваат. Постојат околу триста пророштва во Стариот завет, што зборуваат за Исус Христос. Пердскажано е не само каде ќе се роди, од кој род ќе произлезе, но исто така и како ќе умре и како ќе воскресне на третиот ден. Не постои никаков логичен одговор како сите тие пророштва се изполниле. Тоа е возможно единствено само со божествено објаснување. Нема друга религиозна книга, која содржи толку предскажувања во таква степен или вид, во кој се наоѓаат во Библијата.

Третиот внатрешен доказ за тоа, дека Библијата е навистина Божјо Слово, се открива во нејзиниот особено голем авторитет и сила. Покрај тоа што овој доказ е повеќе субјективен, за разлика од другите два внатрешни доказа за Божествената природа на Библијата, тој е исклучиво силен и сведочи за Божесвтената природа на Библијата. Библијата има уникален авторитет, за разлика од многу други религиозни книги, што се пишувани некогаш. Тој авторитет и власт се гледа најдобро во променетиот живот на безброј луѓе, кои ја читале Библијата. Наркомани се ослободуваат от таа зависност, хомосексуалци исто така се ослободуваат со помош на Библијата, скитници и бездомни се променуваат преку неја, големи злочинци се променуваат, грешници се изобличени преку неја, и омразата се претворува во љубов преку читањето на Библијата. Библијата поседува голема динамична и трансформирачка сила, што е возможно само ако таа е Божја сила.

Освен внатрешните докази, дека Библијата е навистина Божјо Слово постојат редица надворешни. Едно од нив е историската вистинитост на Библијата. Вистинитоста и точността на Библијата се проверува, како и многу други историски документи, поради тоа што таа опишува во продробнодт многу историски настани. Археолошки и мноду други писмени документи, многу пати докажувале, дека историските разкази во Библијата се точни и вистински. Всушност сите археолошки докази што ја поткрепуваат Библијата ја прават најдобро документирана книга во Стариот свет. Фактот дека Библијата точно ги опишува историски докажаните настани е многу важен, кога станува збор за нејзината вистинитост во областа на религиозните теми и доктрини и ја потврдува нејзината позиција, дека е навистина Божјо Слово.

Другиот надворешен доказ, дека Библијата е навистина Божјо Слово, е чесността на луѓето што ја пишувале. Како што веќе кажавме, Бог користи различни луѓе со различни корени и начин на живот, за да ги запише Своите зборови кон нас. Кога го проучуваме животот на овие мажи, ние немаме причина да кажеме дека тие не биле искрени и чесни. Кога го проучуваме нивниот живот и го земеме во предвид фактот, дека ти биле готови да умрат (често преку маченичка смрт) за тоа во кое верувале, станува јасно, дека овие обични но чесни мажи навистина верувале во тоа, дека Бог им зборувал. Мажите што го напишале Новиот Завет заедно со стотици други верници (I Коринтјани 15:6), знаеле дека нивната порака е вистинита, зашто го виделе Исус и поминале доста време со Него, откако Тој воскреснал од мртвите. Фактот дека тие го виделе Воскреснатиот Исус има огромно влијание врз нив и го променува нивниот живот. Ако пред тоа тие се криеле за да не бидат фатени и убиени, откако го виделе Исус воскреснат, тие се готови да умрат за посланието, што Бог им го покажал. Нивниот живот и нивната смрт даваат потврда, дека Библијата е навистина Божјо Слово.

И последното надворечно сведоштво, што ќе го споменеме тука во полза на тоа, дека Библијата е навистина Божјо Слово, е неможноста таа да биде разрушена, како и здравината на нејзината целост. Поради нејзиното значење и тврдење дека таа е навистина Божјо Слово, Библијата е многу силно напаѓана, и се прават многу обиди да биде уништена, многу повеќе од која било друга книга во историјата на човештвото. Ако тргнеме од императорите во ранната Римска империја (на пример Диоклециан), да минеме преку ерата на комунистичките дикатори, и да стигмене до современите атеисти и агностици, ќе видиме дека Библијата ги надживејала сите, што ја напаѓале и продолжува и до ден денешен да е најпродаваната книга во светот.

Преку различните епохи скептиците се однесувале со недоверба во Библијата, како према една митолошка книга, но археологијата ја докажува нејзината историска достоверност. Нејзините опоненти го напаѓале учението во Библијата, така што тврделе дека е примитивно и старо, но моралните вредности, законите и поучувањата што ги содржи Библијата покажале позитивно влијание врз многу општества и култури во целиот свет. Библијата продолжува да биде напаѓана од науката, психологијата и политичките структури, но и покрај тоа таа е исто толку актуелна и денес, колку што била и по времето кога била пишувана. Последните 2000 години таа го променувала животот на многу луѓе и култури.

Независно од тоа како нејзините опоненти се обидуваат да ја напаѓаат, уништат или омаловажат, Библијата си останува исто толку актуелна, вистинита и силна, колку што била и пред тоа. Правилността на Библијата, што се зачувала независно од многубројните обиди да ја изопачат и уништат, јасно докажува дека таа навистина е Божјо Слово. Не треба да не изненадува тоа, дека покрај сите напади, Библијата никогаш не се променува и излегува неповредена од сите тие борби. Сепак не на празно Исус кажа: „Небото и земјата ѓе поминат, но Моите зборови нема да поминат.“ (Марко 13:31) Откако ќе ги разгледа сите тие сведоштва, човек без сомневање може да каже: „Да, Библијата навистина е Божјото Слово.“

English



вратете се назад на основната македонска страница

Дали навистина Библијата е Божјо Слово?
© Copyright Got Questions Ministries