Прашање
Дали имаш вечен живот?
Одговор
Во Библијата многу јасно е покажан патот кон вечниот живот. Прво ние треба да признаеме дека сме погрешиле кон Бог: „зашто сите згрешија и им недостасува Божјата слава“ (Римјани 3:23). Сите ние сме правеле работи, што не Му се допаѓаат на Бог, и поради тоа заслужуваме казна. И затоа што сите наши гревови по природа се спротивставуваат на Вечниот Бог, само вечната казна е доволна за да ги одкупи. „Зашто смртта е плата за грев, но благодатниот Божји дар е – вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ“ (Римјани 6:23).
Но Исус Христос, Безгрешниот (I Петар 2:22), Вечниот Син на Бог постана човек (Јован 1:1, 14) и умре за да ја понесе на Себе казната за нашите гревови. „Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници“ (Рим. 5:8). Исус Христос умре на крстот (Јован 19:31-42), ја претрпи казната што ние ја заслуживме (II Коринтјани 5:21).После три дена Тој воскресна од мртвите (I Коринтјани 15:1-4) и докажа дека ја победил смртта и гревот. „... Кој по Својата голема милост, преку воскресението на Исуса Христа од мртвите...“ (I Петрово 1:3).
Со вера ние треба да свртиме грб на нашите гревови и да се обратиме кон Христос за спасение (Дела 3:19). Ако ја ставиме нашата вера во Него, ако се наслонуваме на тоа, дека Неговата смрт на крстот платила за гревовите, што сме ги извршиле, ќе ни биде простено и ќе имаме вечен живот на небото. „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку, да има вечен живот.“ (Јован 3:16) „Зашто, ако со твојата уста исповедаш, дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш, дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен.“ (Римјани 10:9) Верата во делото, што Христос го заврши на крстот е единствениот вистински пат кон вечниот живот! „Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите – тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој.“ (Ефесјани 2:8,9)
Ако сакаш да Го примиш Исус Христос за свој Спасител, тука ти предложуваме една едноставна молитва. Но запомни, дека тоа што е кажано тука или во која и да е друга молитва нема да те спаси. Од гревот можеш да се спасиш само ако Му се довериш на Христос. Оваа молитва е само еден начин да ја изразиш својата вера во Бог, и да Му се заблагодариш за спасението, што ти го осигурил Тој. „ Господе знам дека сум погрешил/а кон Тебе и дека заслужувам да бидам казнет/а за тоа. Но Исус Христос ја зеде на Себе казната што јас ја заслужив, така да преку вера во Него да ми биде простено. Јас сега свртувам грб на својот грев и Ти се доверувам за моето спасение. Ти благодарам за Твојата прекрасна благодат и простителност, за дарот – вечен жовот! Амин!
Дали тоа што го прочита до тука те доведе до одлука да Го прифатиш Исус Христос? Ако одговорот е „ДА“ тогаш притисни на копчето „Денес го прифатив Христос“
English
Дали имаш вечен живот?