Прашање
Како и кога канонот на Библијата е составен заедно?
Одговор
Терминот “канон“ се користи да се опишат книгите кои се божествено вдахновени и затоа спаѓаат во Библијата. Тешкотијата во одредувањето на библискиот канон е дека Библијата не ни дава листа на книги кои припаѓаат во Библијата. Утврдувањето на канонот беше процес спроведен прво од Еврејските рабини и научници, а подоцна од страна на раните Христијани. На крајот на краиштата, Бог е Тој кој одлучи кои книги припаѓаат во библискиот канон. Книга од Писмото припаѓаше на канонот од моментот кога Бог го вдахновени нејзиното пишување. Тоа е едноставно работа на Бог да ги убеди Неговите следбеници кои книги треба да бидат вклучени во Библијата.
Споредено со Новиот Завет, имаше многу малку контроверзии за канонот од Стариот Завет. Еврејските верници ги препознаа Божјите гласници и ги прифатија нивните пишувања како вдахновени од Бог. Неспорно, иако имаше некои дебати во однос на канонот на Стариот Завет, 250 години после смртта на Христос има речиси универзална согласност за канонот од Хебрејското Писмо. Единствениот проблем што остана беше Апокрифата, со некои дебати и дискусии кои продолжуваат до ден-денес. Мнозинството на Хебрејски научници сметаат дека апокрифите можаат да бидат добри историски и верски документи, но не на исто ниво како Хебрејското Писма.
За Новиот Завет, процесот на признавање и собирање започнал во првите векови на Христијанската црква. Многу рано, некои од книгите веќе биле признати. Павле ги сметал пишувањата на Лука за авторитетни колку и Стариот Завет (1 Тимотеј 5:8; види исто Второзаконие 25:4 и Лука 10:7). Петар ги признава пишувањата на Павле како Писма (2 Петар 3:15-16). Некои од книгите на Новиот Завет кружеле помеѓу црквите (Колосјани 4:16; 1 Солунјаните 5:27). Климент Римски споменува најмалку 8 Ново-Заветни книги (95 г.п.х). Игнатиус Антиохиски признава седум книги (115 г.п.х). Поликарп, ученик на апостол Јован признава 15 книги (108 г.п.х). Подоца, Иринеј споменува 21 книга (185 г.п.х). Иполит признава 22 книги (170-235 г.п.х). Најконтроверзните Ново-Заветни книги беа Евреите, Јаков, 2 Петар, 2 Јован, и 3 Јован.
Првиот “канон“ беше Мураториевиот Канон, кој е составен во 170 г. од нашата ера. Мураториевиот Канон ги вклучувал сите книги од Новиот Завет освен Евреите, Јаков, и 3 Јован. Во 363 г. од нашата ера, Лаодикискиот Собор донесол заклучок дека само Стариот Завет (заедно со Апокрифите), и 27 книги од Новиот-Завет треба да се читат во црквите. Советот на Хипо (393 г.) и Советот на Картагина (397 г.) исто така ги потврдија 27-те книги како авторитетни.
За да би одредиле кои Ново-Заветни книги се навистина вдахновени од Светиот Дух советите ги следеа следните принципи: 1) Дали авторот бил апостол или имал близок однос со апостол? 2) Дали книгата е прифатена од мноштвото на телото Христово? 3) Дали е книгата доследна во однос на доктрините и ортодоксното учење? 4) Има ли книгата доказ за висок морал и духовни вредности кои ја рефлектираат работата на Светиот Дух? Повторно, од клучно значење е да запаметиме дека црквата не го одреди канонот. Бог беше Тој, и Тој единствено, Кој одредил кои книги припаѓаат во Библијата. Бог само требаше да ги увери Своите следбеници во тоа што Тој го одлучи. Човечкиот процес на собирање на книгите од Библијата е е подложен на недостатоци, но Бог, во Неговата сувереност, и покрај нашето незнаење и тврдоглавност, им даде на раната црква да познаат кои книги Тој ги вдахновенил.
English
Како и кога канонот на Библијата е составен заедно?