Прашање
Што значи тоа дека Библијата е вдахновена?
Одговор
Кога луѓето зборуваат за Библијата како вдахновена, тие посочуваат кон фактот дека Бог божествено влијаел на човечките автори на Библијата на таков начин што тоа што го напишале било вистинското Божјо Слово. Во контекст на Библијата, зборот “вдахновение“ едноставно значи “од Бога – вдахновено.“ Вдахновението значи дека Библијата е навистина Божјиот Збор и тоа ја прави Библијата единствена меѓу сите други книги.
Иако постојат различни ставови во однос до кој степен Библијата е вдахновена, нема сомневање дека самата Библија тврди дека секој збор во секој дел од Библијата доаѓа од Бог (1 Коринтјаните 2:12-13; 2 Тимотеј 3:16-17). Овој поглед кон Светото Писмо е често нарекуван “вербално-потполно“ вдахновение. Тоа значи дека вдахновението се протега само на себе (вербално) – не само како концепти или идеи – и дека вдахновението се протега до сите делови од Библијата и кон сите работи од Библијата (потполно). Некои луѓе веруваат дека само некои делови од Библијата се вдахновени или само мислите или концептите кои се занимаваат со религијата се вдахновени, но овие ставови за вдахновението паѓаат во вода од самите тврдења на Библијата за себе. Комплетното вербално потполно вдахоновение е суштинската карактеристика на Божјиот Збор.
Степенот на вдахновението може јасно да се види во 2 Тимотеј 3:16, “Целото писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата.“ Овој стих ни кажува дека Бог го вдахновенил целото Писмо и дека е полезно за нас. Не само некои делови од Библијата кои се занимаваат со религиозни доктрини се вдахновени, туку секој збор од Битие до Откровение. Бидејќи е вдахновено од Бог, затоа Библијата е авторитетна кога станува збор за засновање на доктрина, и доволна за поучување на човекот како да биде во правилен однос со Бог. Библијата не само што тврди дека е вдахновена од Бог. но исто така, има натприродна способност да не промени и да не направи “целосни.“ Што повеќе може да ни треба.
Друг стих што се занимава со вдахновеноста на Библијата е 2 Петрово 1:21. Овој стих ни помага да разбереме дека иако Бог користи луѓе со нивните карактеристични идентитети, и стилови на пишување, Бог божестевено ги вдахновенил зборовите кои тие ги напишале. Исус Самиот ја потврди вербалната потполна вдахновеност на Библијата кога рече: “Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам. Зашто вистина ви велам, додека не поминат небото и земјата, ниту најмалата буква, ни цртичка, не ќе ја снема од Законот, додека не се збидне се (Матеј 5:17-18). Во овие стихови, Исус ја зајакнува точноста на Светото Писмо, дури до најмалите детали и најмалиот интерпункциски знак, бидејќи тоа е вистинскиот Божји Збор.
Бидејќи Библијата е вдахновениот Божји Збор, можеме да заклучиме дека таа е навистина непогрешливива и авторитетна. Правилен поглед кон Бог ќе не води кон правилен поглед кон Неговиот Збор. Бидејќи Бог е семоќен, сезнаен, и совршен во потполност, Неговиот Збор ќе ја има истата природа и истите карактеристики. Истите стихови кои ја утврдувата вдахновеноста на Библијата исто така утврдуваат дека е непогрешлива и авторитетна. Без сомнеж Библијата е она што тврди дека е – непобитен, авторитетен Божји Збор за човештвото.
English
Што значи тоа дека Библијата е вдахновена?