settings icon
share icon
Прашање

Дали Библијата е релевантна за денес?

Одговор


Евреите 4.12 вели: “Зашто, словото Божјо е живо и дејствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и ги проценува мислите и намерите на срцето.“ Иако Библијата е завршена пред околу 1900 години, нејзината точност и релевантност за денес остануваат непроменети. Библијата е единствениот целосен извор од сите откровенија кои Бог ни ги даде за Себе и Неговиот план за човештвото.

Библијата содржи голем број информации за природниот свет што е потврдено од страна на научни опсервации и истражувања. Некои од овие пасуси ги вклучуваат Левит 17:11; Проповедник 1:6-7; Јов 36:27-29; Псалм 102:25-27; и Колосјаните 1:16-17. Како што Библиската приказна за Божјиот избавителен план се открива, многу различни карактери се јасно опишани. Во тие описи, Библијата дава голема доза на информаци во врска со човековото однесување и тенденции. Нашето искуство во ден-за-ден ни покажува дека оваа информација е повеќе точна и очигледна за човечката состојба од било кој учебник за психологија. Многу историски факти запишани во Библијата се потврдени од страна на екстра-библиски извори. Историските истражувања често покажуваат голема доза на согласност помеѓу библиските извештаи и екстра-библиските извештаи за истите настани.

Меѓутоа, Библијата не е историска книга, психолошки текст, или научно списание. Библијата е опис кој Бог ни го даде за тоа Кој е Тој, и Неговите желби и планови за човештвото. Најзначајната компонента на ова откритие е приказната за нашата одвоеност од Бог поради гревот и Божјото снабдување за обновување на односот преку жртвата на Неговиот Син, Исус Христос, на крстот. Нашата потреба за избавување не се менува. Ниту пак Божјата желба да не помири со Себе.

Библијата содржи голема доза на точни и релевантни информации. Најважната порака на Библијата – избавувањето – е универзална и постојано се однесува на човештвото. Божјото Слово никогаш нема да биде застарено, заменето или подобрено. Културатите се менуваат, законите се менуваат, генерациите доаѓаат и си одат, но Божјиот Збор останува релевантен денес како што беше кога првично беше напишано. Не се од Библијата се однесува за нас денес, но целата Библија содржи вистина која можеме, и треба да ја практикуваме во нашите животи денес.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Дали Библијата е релевантна за денес?
© Copyright Got Questions Ministries