settings icon
share icon
Прашање

Кој е исправниот начин да се проучува Библијата?

Одговор


Одредувањето на значењето на Светото Писмо е една од најважните задачи која верникот ја има во овој живот. Бог не ни кажува дека ние едноставно мораме да ја читаме Библијата. Ние треба да ја проучуваме и да се справуваме со тоа правилно (2 Тимотеј 2:15). Проучувањето на Библијата е напорна работа. Едно површно или кратко читање на Библијата понекогаш може да доведе до погрешни заклучоци. Затоа, од клучно значење е да се разберат неколку принципи за да го одредиме точното значење на Библијата.

Прво, библискиот студент мора да се моли и да бара од Светиот Дух да му даде разбирање, бидејќи тоа е една од Неговите должности. “А кога ќе дојде Тој, Духот на вистината, ќе ве упати во секоја вистина; но од Себе нема да зборува, а ќе говори што чуе, и ќе ви ја каже иднината“ (Јован 16:13). Исто како што Светиот Дух ги водеше апостолите во пишувањето на Новиот Завет, Тој исто така ќе не води и нас во разбирањето на Писмото. Запомни, Библијата е Божјата книга, и ние треба да Го прашаме што значи тоа. Ако си Христијанин, авторот на Библијата – Светиот Дух – живее внатре во тебе, и Тој сака да ти помогне да го разбереш тоа што Тој го напишал.

Второ, не треба да вадиме извадоци надвор од стиховите кои го опкружуваат и се обидуваат да го одредат значењето на стихот надвор од контекстот. Секогаш треба да ги читаме околните стихови и поглавја да го разоткриеме контекстот. Додека целото Писмо доаѓа од Бога (2 Тимотеј 3:16; 2 Петар 1:21), Бог ги користеше луѓето да го напишат. Овие луѓе пишуваа со тема во умот, со цел, и одредена задача на тие кои пишуваа. Треба да читаме за потеклото на книгата од Библијата која ја проучуваме да откриеме кој ја напишал книгата, до кого е напишана, кога е напишана, и зошто е напишана. Исто така, треба да се погрижиме текстот да зборува за себе. Понекогаш луѓето ги придодаваат нивните значења на зборовите, со цел да го добијат толкувањето кое го сакаат.

Трето, не треба да се обидуваме да бидеме целосно независни во нашето проучување на Библијата. Арогантно е да се мисли дека неможеме да добиеме разбирање од работата на другите кои ја проучувале Библијата целиот живот. Некои луѓе, по грешка, пристапуваат кон Библијата со идејата дека ќе зависат само од Светиот Дух и со тоа ќе ги откријат сите скриени вистини на Библијата. Христос, во давањето на Светиот Дух, даде луѓе со духовни дарови во телото Христово. Еден од овие дарови е дарот на поучување (Ефесјаните 4:11-12; 1 Коринтјаните 12:28). Овие учители се дадени од Господ да ни помогнат правилно да разбереме и да се покоруваме на Писмото. Секогаш е мудро да се проучува Библијата со други верници, помагајќи си еден на друг во разбирањето и применувањето на вистината од Божјиот Збор.

Па, во резиме, кој е соодветниот начин да се проучува Библијата? Прво, преку молитва и понизност, треба да се потпираме на Светиот Дух да ни дава разбирање. Второ, секогаш треба да ја проучуваме Библијата во нејзиниот контекст, признавајќи дека Библијата самата себе се објаснува. Трето, Треба да ги почитуваме напорите на другите Христијани, минати и сегашни, кои исто така барале правилно проучување на Библијата. Запомни, Бог е авторот на Библијата, и Тој сака да ни помогне да ја разбереме.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Кој е исправниот начин да се проучува Библијата?
© Copyright Got Questions Ministries