settings icon
share icon
Прашање

Калвинизам или Арминијанизам – коe гледиште е исправно?

Одговор


Калвинизмот и Арминијанизмот се два теолошки система кои се обидуваат да го објаснат односот помеѓу Божјата сувереност и одговорноста на човекот во однос на спасението. Калвинизмот го доби своето име по Џон Калвин, француски теолог кој живеел од 1509 – 1564. Арминијанизмот го доби своето име по Џејкобус Ариминиус, холандски теолог кој живеел од 1560 – 1609.

Двата система можат да се сумират со пет точки. Калвинизмот држи на целосната изопаченост на човекот, додека Арминијанизмот држи на делумна изопаченост. Доктрината на Калвинизмот за целосната изопаченост вели дека секој аспект од човештвото e заразен со грев; затоа, човечките суштества не се во можност да дојдат до Бог сами од себе. Делумната изопаченост вели дека секој аспект од човештвото е инфициран од гревот, но не до тој степен дека не се во можност да поверуваат во Бог сами од себе. Забелешка: класичниот Арминијанизам отфрлува “делумна изопаченост“ и држи поглед многу близу до “целосната изопаченост“ на Калвинизмот, (иако степенот и значењето на таа изопаченост се дебатирани во круговите кај Арминијанизмот). Во главни црти, подржувачите на Арминијанизмот веруваат дека има “средна“ состојба помеѓу целосната изопаченост и спасението. Во оваа состојба, овозможена од претходна благодат, грешникот е приближен до Христос и ја има можноста од Бог дадена да избере спасение.

Калвинизмот вклучува верување дека изборот е безусловен, додека Арминијанизмот верува во условен избор. Безусловниот избор е поглед дека Бог избира поединци за спасение врз основа исклучиво на Својата волја, a не на нешто вредно кај поединецот. Условниот избор вели дека Бог избира поединци за спасение врз основа на Неговото предзнаење на тоа кој ќе поверува во Христос за спасение – Тој знае кои ќе поверуваат во Христос за спасение.

Калвинизмот го гледа помирувањето како ограничено, додека Арминијанизмот го гледа како неограничено. Ова е нај контроверзното од петте точки. Ограниченото помирување е верување дека Исус умре само за избраните. Неограниченото помирување е верување дека Исус умре за сите, но дека Неговата смрт не е ефикасна додека личноста не го прими Исус преку вера.

Калвинизмот вклучува верување дека Божјата благодат е неодолива, додека Арминијанизмот вели дека поединецот може да се спротивстави на Божјата благодат. Неодоливата благодат тврди дека кога Бог повикува личност за спасение, таа личност неизбежно ќе дојде до спасение. Благодатта на која може да се спротивставиш, вели дека Бог сите ги повикува за спасение, но многу луѓе се спротивставуваат и го отфрлаат овој повик.

Калвинизмот држи до истрајност на светиите додека Арминијанизмот држи до условно спасение. Истрајноста на светиите се однесува на концептот дека личност која е избрана од Бог ќе истрае во верата и дека никогаш нема да се откаже или да се отстрани од Него. Условното спасение е поглед дека верникот во Христос може, на негова/нејзина слободна волја, да се одврати од Христос и со тоа да го изгуби спасението. Забелешка – многу подржувачи на Арминијанизмот го негираат “условното спасение“ и наместо тоа се држат до “вечна безбедност“.

Па, во дебата помеѓу Калвинизмот и Арминијанизмот, кој е во право? Интересно е да се напомене дека во разновидноста на телото Христово, постојат многу видови на мешавини од Калвинизам и Арминијанизам. Постојат пет-точки Калвинизам и пет-точки Арминијанизам, а во исто време три-точки Калвинизам и две-точки Арминијанизам. Многу верници доаѓаат до некој вид на мешавина од двете гледишта. На крајот на краиштата, наше гледиште е дека двата система не успеваат во обидот да го објаснат необјаснивото. Човечките суштества не се целосно способни за сфаќање на концепт како што е овој. Да, Бог е апсолутно суверен и се знае. Да, човечките суштества се повикани да донесат вистинска одлука за вера во Христос за спасение. Овие два факти на нас ни изгледаат контрадикторно, но во Божјиот ум тие имаат совршена смисла.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Калвинизам или Арминијанизам – коe гледиште е исправно?
© Copyright Got Questions Ministries