settings icon
share icon
Прашање

Може ли Христијанинот да биде опседнат со демон?

Одговор


Иако Библијата експлицитно не кажува дали еден Христијанин може да биде опседнат од демон, поврзани библиски вистини прават да биде изобилно јасно дека Христијаните не можат да бидат опседнати со демон. Постои посебна разлика од тоа да се биде опседнат со демон и да се биде угнетуван или под влијание на демон. Опседнувањето со демон вклучува демон кој има директна/целосна контрола на мислите/ или делата на некоја личност (Матеј 17:14-18; Лука 4:33-35; 8:27-33). Угнетувањето од демон или влијанието вклучува демон или демони кога напаѓаат некоја личност духовно и/или охрабрувајќи ја неа/него во грешно однесување. Забележете дека сите пасуси во Новиот Завет кои се занимаваат со духовната борба, нема инструкции како да се да се изгони демон од верник (Ефесјаните 6:10-18). На верниците им е кажено да се му спротивстават на ѓаволот (Јаков 4:7; 1 Петар 5:8-9), а не да го изгонуваат.

Светиот Дух живее во Христијаните (Римјаните 8:9-11; 1 Коринтјаните 3:16; 6:19). Секако дека Светиот Дух нема да дозволи демон да ја опседне истата личност во која што Тој живее. Незамисливо е дека Бог ќе дозволи едно од Неговите деца, кои Тој ги откупи со крвта на Христос (1 Петар 1:18-19) и ги направи нови созданија (2 Коринтјаните 5:17), да бидат опседнати и контролирани од демон. Да, како верници, ние водиме војна со Сатаната и неговите демони, но не и од внатре во нас самите. Апостолот Јован вели: “Вие сте, чеда, од Бога и нив сте ги победиле; зашто Оној, Кој е во вас, е поголем од оној што е во светот“ (1 Јован 4:4). Кој е Тој во нас? Светиот Дух. Кој е тој во светот? Сатаната и неговите демони. Затоа, верникот ги победи светот на демоните, и случајот за опседнатост од демон кај верник не може да биде според Библијата.

Со силните библиски докази дека христијанинот не може да да биде опседнат од демон, во поглед, некои библиски учители го користат терминот “демонизирање“ да посочат кон демон кој има контрола над Христијанинот. Некои тврдат дека додека Христијанинот не може да биде опседнат со демон, тој може да биде демонизиран. Типично, описот на демонизирањето е речиси идентичен со описот на опседнатост од демон. Така, истиот проблем резултира. Променувањето на терминологијата не го менува фактот дека демонот неможе да живее или да презеде контрола над Христијанинот. Демонските влијанија и угнетувања се реалност за Христијаните, без сомнеж, но едноставно не е библиски да се каже дека Христијанинот може да биде опседнат од демон или демонизиран.

Многу од заклучоците зад концептот на демонизирање е личното искуство на гледање на некој кој бил “дефинитивно“ Христијанин бил изложен на доказ дека бил контролиран од демон. Од голема важност е, сепак, да не дозволуваме личните искуства да влијаат врз нашето толкување на Писмото. Наместо тоа, треба да ги проверуваме нашите лични искуства преку вистината на Писмото (2 Тимотеј 3:16-17). Гледајќи некој за кој мислиме дека е Христијанин како покажува однесување на демонизирана личност треба да се запрашаме во искреноста на неговата/нејзината вера. Тоа не треба да предизвика кај нас да го смениме нашето гледиште на тоа дали Христијанинот може да биде опседнат или демонизиран. Можеби личноста навистина е Христијанин но е сериозно угнетена од демон и/или страда од сериозни психолошки проблеми. Но повторно, нашите искуства треба да ги исполнуваат тестовите на Светото Писмо, а не обратно.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Може ли Христијанинот да биде опседнат со демон?
© Copyright Got Questions Ministries