settings icon
share icon
Прашање

Што е Христијански светоглед?

Одговор


“Светоглед“ се однесува на сеопфатната концепција за светот од одредена гледна точка. “Христијански светоглед“, тогаш, е сеопфатната концепција за светот од Христијанска гледна точка. Светогледот на поединецот е неговата “голема слика“, хармонија на сите негови верувања за светот. Тоа е негов начин на разбирање на реалноста. Светогледот на некој е основата за донесување дневни одлуки и затоа е исклучително важен.

Поставено јаболко на маса е видено од страна на неколку луѓе. Ботаничарот гледа во јаболкото и го класифицира. Уметникот гледа мртва природа и го црта. Пиљарата го гледа како средство и го става во залиха. Детето го гледа како ручек и го јаде. Како гледаме на некоја ситуација има влијание на тоа како гледаме на светот во целина. Секој светоглед, Христијански и не-Христијански, се занимава најмалку со овие три прашања:

1) Од каде доаѓаме? (и зошто сме тука?)
2) Што не е во ред со светот?
3) Како можеме да го поправиме?

Распространет светоглед денес е натурализмот, кој ги одговара трите прашања вака:

1) Ние сме производ на случајни акти на природата без вистинска цел.
2) Не ја почитуваме природата како што треба.
3) Можеме да го спасиме светот преку екологијата и заштитата.

Натуралистичкиот светоглед генерира многу филозофии како што се: моралниот релативизам, егзистенцијализмот, прагматизам, и утопизам.

Христијанскиот светоглед, од друга страна, пак, ги одговара трите прашања библиски:

1) Ние сме Божјо создание, создадени да управуваме со светот и да имаме заедништво со Него (Битие 1:27-28; 2:15).
2) Ние згрешивме против Бог и го подложивме целиот свет на проклетство (Битие 3).
3) Бог Самиот Го откупи светот, преку жртвата на Неговиот Син Исус Христос (Битие 3:15; Лука 19:10), и еден ден ќе го врати созданието во неговата совршена поранешна состојба (Исаија 65:17-25).

Христијанскиот светоглед не води да веруваме во морални апсолути, чуда, човечко достоинство, како и можност за откуп.

Важно е да се запамети дека еден светоглед е сеопфатен. Тоа влијае кај секоја област во животот, од пари до моралност, од политика до уметност. Вистинското Христијанство е повеќе од група на идеи кои се користат во црквата. Христијанството како што е поучено во Библијата е само по себе светоглед. Библијата никогаш не прави разлика помеѓу “религиозен“ и “секуларен“ живот; Христијанскиот живот е единствениот живот кој постои. Исус за Себе кажа дека е “патот, вистината, и животот“ (Јован 14:6) и, со тоа, стана наш светоглед.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што е Христијански светоглед?
© Copyright Got Questions Ministries