settings icon
share icon
Прашање

Зошто Бог е толку различен во Стариот Завет отколку што е во Новиот Завет?

Одговор


Во срцето на ова прашање лежи основно недоразбирање за тоа што Стариот и Новиот Завет откриваат за природата на Бог. Друг начин на изразување на истата мисла е кога луѓето велат, “Богот од Стариот Завет е Бог на гневнот додека Богот од Новиот Завет е Бог на љубовта.” Фактот дека Библијата е Божјото прогресивно откровение на Него Самиот кон нас преку историски настани и преку Неговата врска со луѓето низ историјата може да придонесе заблуди за тоа каков е Бог во Стариот Завет во однос на Новиот Завет. Меѓутоа, кога некој ќе ги чита Стариот и Новиот Завет, станува јасно дека Бог не се разликува од Стариот и Новиот Завет и дека Божјиот гнев и Неговата љубов се откриение во двата завета.

На пример, насекаде во Стариот Завет, Бог е прогласен дека е “сочуствителен и милостив Бог, бавен на гнев, изобилува во љубов и верност,” (Излез 34:6; Броеви 14:18; Второзаконие 4:31; Неемија 9:17; Псалм 86:5, 15; 108:4; 145:8; Јоил 2:13). Сепак, во Новиот Завет, Божјата добрина и милост се манифестирани дури и повеќе, целосно, преку фактот дека “Бог толко го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот” (Јован 3:16). Насекаде низ Стариот Завет, гледаме како Бог се справува со Израел на истиот начин како кога грижлив татко се занимава со своето дете. Кога тие намерно згрешиле против Него и започнале да обожаваат идоли, Бог ги казнува. Сепак, секој пат Тој ќе ги избавил штом ќе се покајале од своите идоли. Ова е речиси истиот начин на кој Бог се справува со Христијаните во Новиот Завет. На пример, Евреите 12:6 ни кажува дека “Господ го казнува оној, кого што го сака; го бичува секој син, кого што го прима”.

На сличен начин, насекаде низ Библијата го гледаме Божјиот суд и гнев излеан врз гревот. Исто, и во Новиот Завет гледаме дека Божјиот гнев сеуште “се открива од небото на секоја нечесност и неправда на луѓето, кои вистината ја држат во неправда” (Римјани 1:18). Значи, јасно е дека, Бог не е поразличен од Стариот Завет отколку што е во Новиот Завет. Бог, во Неговата природа е непроменлив. Додека ние можеме да видиме еден аспект од Неговата природа откриена во одредени пасуси од Библијата, повеќето од другите аспекти е дека Бог Самиот не се менува.

Како ја читаме и проучуваме Библијата, ни станува јасно дека Бог е истиот во Стариот и Новиот Завет. Иако Библијата е 66 одделни книги напишани на два (или можеби три) континенти, на три различни јазици, во период од околу 1500 години, од повеќе од 40 автори, таа и понатаму останува една единствена книга од почеток до крај, без контрадикции. Во неа можеме да видиме колку милосрдно, милостиво, и праведно Бог се справува со грешни луѓе во сите видови на ситуации. Навистина, Библијата е Божјото љубовно писмо до човештвото. Божјата љубов за Неговото создание, посебно за човештвото, е видлива низ целата Библија. Низ Библијата гледаме како Бог со љубов и милост ги повикува луѓето во специјална врска со Него, не затоа што заслужуваат, туку затоа што тој е милостив и милосрден, бавен на гнев и полн со милост и вистина. Меѓутоа, исто гледаме свет и праведен Бог кој е Судија на сите кои не го почитуваат Неговиот Збор и кои наместо да се поклонуваат на Него, се свртуваат кон богови создадени од нив самите (Римјаните 1 глава).

Поради Божјиот свет и праведен карактер, секој грев – во минатото, сегашноста и иднината – мора да биде суден. Но Бог во Својата безгранична љубов овозможи плаќање за гревот и начин на помирување, така што грешниот човек ке може да го избегне Неговиот гнев. Оваа прекрасна вистина ја гледаме во стиховите како 1 Јованово 4:10: “Во тоа се состои љубовта, што не ние Го засакавме Бога, туку Бог нас нè возљуби и Го прати Синот Свој, за да ги очисти гревовите наши.” Во Стариот Завет Бог обезбеди жртвен систем со кое можеше да се направи искупување на гревот. Меѓутоа, овој жртвен систем беше само привремен и целеше напред на доаѓањето на Исус Христос, кој ќе умре на крст да направи целосна замена за помирување за гревот. Спасителот, кој беше ветен во Стариот Завет е целосно откриен во Новиот Завет. Само претставено во Стариот Завет, крајниот израз на Божјата љубов, испраќањето на Неговиот Син Исус Христос, е откриено во цела Негова слава во Новиот Завет. Стариот и Новиот Завет ни се дадени “да не направат мудри за спасение” (2 Тимотеј 3:15). Кога ги проучуваме Заветите внимателно, јасно е дека во Бог “нема промени ни сенка од измена” (Јаков 1:17).

English



вратете се назад на основната македонска страница

Зошто Бог е толку различен во Стариот Завет отколку што е во Новиот Завет?
© Copyright Got Questions Ministries