settings icon
share icon
Прашање

Што значи тоа дека Бог е љубов?

Одговор


Да погледнеме како Библијата ја опшува љубовта, а потоа на неколку начини ќе видиме во кои Бог е суштината на љубовта. ‘’Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, а на вистина се радува сè извинува, во сè верува, на сè се надева, сè претрпува. Љубовта никогаш не престанува’’ (1 Коринтијани 13:4-8). Ова е Божјиот опис за љубовта, и бидејќи Бог е љубов (1 Јован 4:8), ова е тоа каков што Тој е.

Љубовта (Бог) не се наметнува Самиот Себе на некого. Тие кои доаѓаат до Него доаѓаат во одговор на Неговата љубов. Љубовта (Бог) покажува благост кон сите. Љубовта (Исус) отиде да прави добро на сите без пристрасност. Љубовта (Исус) не го посакуваше тоа што другите го имаа, живеејќи понизен живот без жалење. Љубовта (Исус) не се фалеше за тоа кој беше во тело, иако тој можеше да го надвладее било кој со кој што Тој би дошол во контакт. Љубовта (Бог) не бара послушност. Бог не бараше послушност од Неговиот Син, туку Исус доброволно се покоруваше на Неговиот Татко на небесата. ‘’ Но за да разбере светот дека Го љубам Отецот и, како што Ми заповеда Отецот, така и правам’’ (Јован 14:31). Љубовта (Исус) гледаше/секогаш гледа за интересите на другите.

Најголемиот израз за Божјата љубов ни е соопштен во Јован 3:16: ‘’ Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен.’’ Римјаните 5:8 ја прокламира истата порака: ‘’ Но, Бог ја докажа љубовта Своја кон нас со тоа, што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни.’’ Од овие стихови можеме да видиме дека најголемата желба на Бог е да Му се придружиме во Неговиот вечен дом, рајот. Тој го направи тоа возможно со тоа што ја плати казната за нашите гревови. Тој не љуби бидејќи така избира како акт на Неговата волја. Љубовта опростува. ‘’ Ако ги исповедаме гревовите свои, Toj е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секаква неправда.’’ (1 Јован 1:9).

Па, што значи дека Бог е љубов? Љубовта е атрибут на Бог. Љубовта е централен аспект на Божјиот карактер, Неговата Личност. Божјата љубов во никој случај не е во конфликт со Неговата светост, праведност, правичност, или дури и Неговиот гнев. Сите Божји атрибути се во совршена хармонија. Се што Бог прави е полно со љубов, исто како што се што Тој прави е праведно и правилно. Бог е совршениот пример за вистинска љубов. Чудесно, на оние кои го примија Неговиот Син како личен Спасител, Бог им даде можност да љубат како што Тој љуби, преку силата на Светиот Дух (Јован 1:12; 1 Јован 3:1, 23-24).

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што значи тоа дека Бог е љубов?
© Copyright Got Questions Ministries