settings icon
share icon
Прашање

Дали Бог навистина постои? Како да сум сигурен/сигурна, дека Бог навистина постои?

Одговор


Знаеме дека Бог навистина постои, затоа што Тој ни се открил по три различни начини: преку Својата творба, преку Своето Слово, и преку Својот Син - Исус Христос.

Најдобриот доказ за тоа дека Бог постои е тоа што Тој го создал: „Неговата вечна сила и Божеството, можат да се согледаат од создавањето на светот, набљудувани преку творбите. Па така немаат изговор“ (Римјани 1:20) „Небесата ја раскажуваат Божјата слава, небесниот свод го известува делото на Неговите раце.“ (Псалм 19:1)

Ако најдам рачен часовник на полето нема да прифатам, дека тој едноставно така се „појавил“ таму од ништото или дека отсекогаш постоел. Ако го разгледам механизмот на овој часовник ќе претпоставам, дека има некој, што го проектирал. А во светот околу нас јас гледам и наоѓам многу поголема прецизност и замисла. Нашето мерење на времето не се базира на часовници туку на Божјото дело – редовното вртење на земјата (и радиоактивните својства на Цезиум 133 атом). Вселената ја открива својата голема замисла, кога зборува за тоа дека постои Еден велик Проектант.

Ако откријам некоја кодирана порака јас ќе побарам некој криптограф, кој да ми помогне да го дешифрирам кодот. Јас ќе претпоставам, дека некој интелигентен човек ја испратил оваа порака – истиот тој, што го создал самиот код. Колку е комплициран ДНК кодот, кој го носиме во секоја клетка од своето тело? Постоењето на таков комплициран код, како и неговата цел бара постоење на Еден Интелигентен Автор на кодот.

Покрај тоа, што Бог создал еден комплициран и добро уреден свет, Тој поставил во срцето на секој човек чувство за вечност (Проповедник 3:11). Човекот има вродено чувство, за тоа дека постои нешто многу повеќе од тоа што гледаат неговите очи – нешто повеќе од сивото секојдневие. Нашето чувство за вечност се покажува преку две работи: создавањето на законот и обожувањето.

Секоја една цивилизација, во историјата на човештвото, почитува конкретни морални закони, што страшно многу си личат едни на други, иако се од различни култури. И така на пример идејата за љубовта се почитува насекаде а пак лагата се негира од сите. Овој широко прифатен морал, глобалното разбирање за доброто и злото, посочува кон едно Врховно морално Суштество, што ги воспоставило овие морални принципи.

Исто така и луѓето по целиот свет, без разлика од својата култура, создале некаков систем за обожување. Самите објекти на тоа обожување може и да се различни, но чувството, дека постои „виша сила“, несомнено е дел од човечката природа. Нашиот стремеж да обожуваме, одговара на фактот, дека Бог не создал „по Свој образ“ (Битие 1:27).

Бог се открива преку Своето Слово – Библијата. Насекаде во Словото, постоењето на Бога се прифаќа како очевиден факт.(Битие 1:1; Излез 3:14) Кога Бенџамин Франклин ја напишал својата Автобиографија, тој не си го загубил времето за да го докажува своето постоење. Така и Бог не одделува многу време, за да го докажува Своето постоење во Својата книга. Суштината на Библијата што променува животи, нејзината целосност, како и чудата што настануваат при нејзиното пишување, би требало да се доволна причина да ја проучуваме позадлабочено.

Третиот начин, по кој Бог се открива е преку Неговиот Син Исус Христос ( Јован 14:6-11) „Во почетокот беше словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог... И Словото стана тело и се настани меѓу нас.“ (Јован 1:1, 14) Во Исус Христос „...живее сета полнота на Божеството.“ (Колосјани 2.9)

Во својот зачудувачки живот, додека е на земјата, Исус го запазува целосно старозаветниот закон и ги исполнува сите пророштва за Месијата. (Матеј 5.17) Тој изврши безброј дела како одраз на Неговото соочувство кон луѓето. Тој извршува и многу јавни чуда, за да ја докаже вистинитоста на Својата порака и Својата божественост. (Јован 21.24-25) И тогаш, три дена после Неговата смрт на крстот Тој воскресна од мртвите – факт што е потврден од стотина сведоци (1 Коринтјани 15:6) Постојат изобилно многу историски „докази“ за тоа кој е Исус. Како што апостол Павле кажува: „...зашто ова не се збидна во некој агол.“ (Дела 26:26)

Знаеме дека секогаш ќе има скептици, што ќе ги претставуваат секогаш своите сопствени погледи за Бог и ќе ги гледаат со недоверба сите докази. Ќе има и такви, што никогаш нема да бидат убедени во вистината, без разлика на тоа колку докази ќе им се предостават. (Псалм 14:1) Зашто се е прашање на вера (Евреи 11:6).

English



вратете се назад на основната македонска страница

Дали Бог навистина постои? Како да сум сигурен/сигурна, дека Бог навистина постои?
© Copyright Got Questions Ministries