settings icon
share icon
Прашање

Дали Бог сеуште ни зборува нас денес?

Одговор


Библијата евидентира како Бог зборува чујно на луѓето многу пати (Излез 3:14; Исус Навин 1:1; Судии 6:18; 1 Самоил 3:14; 2 Самоил 2:1; Јов 40:1; Исаија 7:3; Еремија 1:7; Дела 8:26; 9:15 – ова е само мал примерок.) Не постои Библиска причина зошто Бог не би зборувал чујно на некоја личност денес. Илјадниците пати кои што Библија споменува како Бог зборува, треба да запаметиме дека се случувале во текот од 4000 години од човечката историја. Зборувањето чујно на Бог е исклучок, а не правило. Дури и во Библиските евидентирани случаи кога Бог зборува, не е секогаш јасно дали тоа било чујен глас, внатрешен глас, или ментален впечаток. Бог денес зборува на луѓето.

Прво, Бог зборува преку Неговиот Збор (2 Тимотеј 3:16-17). Исаија 55:11 ни кажува, ‘’ така и Моето слово, што излегува од устата Моја, не се враќа кон Мене празно, туку го исполнува она, што му е угодно, и го прави она за што сум го испратил Јас.’’ Библијата е Божји Збор, се што треба да знаеме со цел да бидеме спасени и да го живееме Христијанскиот живот. 2 Петрово 1:3 изјавува, ‘’ Бидејќи Неговата божествена сила ни подари сè, што е потребно за животот и побожноста, а преку познавањето на Оној, Кој нè повика со Својата слава и совршенство.’’

Бог исто така може да ни ‘’зборува’’ преку настани – т.е. , Тој може да не води преку уредување на нашите околности. И Бог ни помага да разликуваме правилно од погрешно преку нашата совест (1 Тимотеј 1:5; 1 Петрово 3:16). Бог е во процесот на прилагодување на нашите умови, во размислување на Неговите мисли (Римјани 12:2). Бог дозволува да се случуваат настани во нашите животи да не водат, да не променуваат, и да ни помогнат да растеме духовно (Јаков 1:2-5; Евреите 12:5-11). 1 Петрово 1:6-7 не потсетува, ‘’ Затоа радувајте се, макар сега да сте малку во скрб – ако е потребно -, во разни искушенија, та вашата вера испитана, да излезе подрагоцена од нетрајното злато, па било тоа да е испитано и преку оган, за пофалба и чест и слава, кога ќе се појави Исус Христос.’’

Понекогаш Бог може да зборува чујно на луѓето. Тоа е многу сомнително, сепак, ова се случува толку често колку што некои луѓе тврдат дека се случува. Повторно, дури и во Библијата, зборувањето чујно на Бог е исклучок, а не обичај. Ако некој тврди дека Бог му зборувал, секогаш кажаното спореди го со тоа што Библијата го кажува. Ако Бог зборуваше денес Неговите зборови би биле во целосна согласност со тоа што Тој го рекол во Библијата (2 Тимотеј 3:17-17). Бог не е во контрадикција со себе.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Дали Бог сеуште ни зборува нас денес?
© Copyright Got Questions Ministries