settings icon
share icon
Прашање

Каде беше Исус три дена помеѓу Неговата смрт и воскресението?

Одговор


1 Петрово 3:18-19 вели, “Бидејќи и Христос, за да нè приведе кон Бога, еднаш пострада за гревовите наши, праведник за неправедните; вистина, мртов по тело, но оживеа во духот, со кого, откако слезе, им проповеда и на духовите, кои беа во темнина.“ Зборот дух се однесува на духот на Христос. Контрастот е помеѓу Неговото тело и дух, а не помеѓу Христовото тело и Светиот Дух. Христовото тело почина, но Неговиот Дух остана жив.

1 Петар 3:18-22 ја опишува неопходната врска помеѓу Христовото страдање (18 стих), и Неговата глорификација (22 стих). Само Петар дава конкретни информации за тоа што се случило помеѓу овие два настани. Сепак, грчкиот збор кој е употребен за “проповеда“ не е вообичаениот Ново-Заветен збор за проповедање на Евангелието. Тоа едноставно значи “да навестува порака.“ Исус страдаше и умре на крстот, Неговото тело е убиено. Но Неговиот дух беше оживеан, и Тој го предаде на Таткото (Лука 23:46). Според Петар, некаде помеѓу Неговата смрт и Неговото воскресние, Исус објави посебна порака на “духовите кои беа во темнина.“

Во Новиот Завет, зборот духови е употребен да се опишат ангели или демони, не човечки суштества. Во 1 Петар 3:20, Петар упатува на луѓето како “души.“ Исто така, никаде во Библијата не ни е кажано дека Исус го посети пеколот. Дела 2:31 вели дека Тој отиде во Адот, но Адот не е пеколот. Адот е термин кој упатува, во голема мерка, во сферата на мртвите, привремено место каде мртвите го чекаат воскресението. Откровение 20:11-15 прави јасна разлика помеѓу Адот и огненото езеро. Огненото езеро е трајното, крајно место за суд на изгубените. Адот е привремено место и за изгубените и за светците од Стариот Завет.

Нашиот Господ го даде Својот Дух на Таткото, умре физички, и влезе во рајот (Лука 23:43). Во некое време помеѓу Неговата смрт и воскресението, Исус исто така посети место каде Тој објави порака на духовните суштества (веројатно паднатите ангели види Јуда 6); овие суштества се некако поврзани со периодот пред потопот во времето на Ное (1 Петар 3:20). Петар не ни кажува што Исус им објавил на затворените духови, но не може да биде порака на откуп бидејќи ангелите не можат да бидат спасени (Евреите 2:16). Тоа беше веројатно прогласување на победа над Сатаната и неговите поданици (1 Петар 3:22; Колосјаните 2:15). Ефесјаните 4:8-10 исто така, се чини дека дава патоказ во врска со активностите на Исус во времето помеѓу Неговата смрт и воскресението. Цитирајќи го Псалм 68:18, Павле вели за Христос, “Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето” (Ефесјаните 4:8). Со овој преглед изгледа дека, во рајот, Исус ги собрал сите откупени кои беа таму и ги однесе на трајно живеалиште на небото.

Така да, со сето ова, можеме да кажеме дека Библијата не е целосно јасна што Исус правеше три дена помеѓу Неговата смрт и воскресение. Од она што може да се каже, сепак, Тој ги утеши успокоените светии и ги однесе во нивниот вечен дом, и Тој ја прогласи Неговата победа над паднатите ангели кои се чувани во затворот. Тоа што можеме да го знаеме за сигурно е дека Исус на никој не даваше втора шанса за спасение; ние се соочуваме со суд после смртта (Евреите 9:27), а не со втора шанса. Исто така, Тој не страдаше во пеколот; Неговото дело на откуп беше завршено на крстот (Јован 19:30).

English



вратете се назад на основната македонска страница

Каде беше Исус три дена помеѓу Неговата смрт и воскресението?
© Copyright Got Questions Ministries