settings icon
share icon
Прашање

Дали Исус беше распнат во Петок?

Одговор


Библијата не наведува експлицитно кој ден од неделата Исус беше распнат. Двата најпознати ставови се Петок и Среда. Некои, пак, со користење на синтеза на двата аргументи за Петок и Среда, тврдат дека Четврток е денот во кој Исус бил распнат.

Во Матеј 12:14 Исус вели: “оти, како што Јона беше во утробата на китот три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи.” Оние кои се залагаат за распнување во Петок велат дека сеуште има валиден начин на кој Тој би можел да остане во гробот три дена. Во Еврејското сметање од првиот век, дел од денот се сметал за цел ден. Бидејќи Исус беше во гробот дел од Петокот, целата Сабота, и дел од Неделата – би можело да се смета дека Тој би бил во гробот три дена. Еден од главните аргументи за Петокот се наоѓа во Марко 15:42 кое вели дека Исус бил распнат “ на денот пред Саботата.” Ако тоа беше неделната Сабота, т.е. Саботата, тогаш тој факт води во распнување во Петокот. Друг аргумент за Петокот вели дека стихови како Матеј 16:21 и Лука 9:22 велат дека Исус ќе воскресне на третиот ден; Затоа, Тој не би требало да биде цели три дена и три ноќи во гробот. Но, додека некои преводи го користат “на третиот ден” за овие стихови, не сите го преведуваат така, и не сите се согласуваат дека “на третиот ден” е најдобриот начин да се преведат овие стихови. Згора на тоа, Марко 8:31 вели дека Исус ќе биде восреснат “после” три дена.

Аргументот за Четвртокот се проширува на ставот на Петокот и расправа главно дека има премногу настани (некои наведуваат од прилика дваесет) случувања помеѓу погребувањето на Христос и Неделата наутро да се случат од Петок навечер до Недела наутро. Подржувачите на ставот за Четвртокот наведуваат дека ова е особено проблем бидејќи единствениот цел ден помеѓу Петок и Недела е Сабота, Еврејската Сабота. Дополнителен ден или два го елиминираат тој проблем. Застапниците на Четвртокот може да размислуваат на овој начин: да претпоставиме дека не си видел некој пријател од Понеделникот вечерта. Следниот пат кога го видуваш е во Четвртокот наутро и му велиш: “Не сум те видел три дена” дури и покрај тоа што технички поминаа само 60 часови (2,5 дена). Ако Исус беше распнат во Четвртокот, овој пример покажува како би можеле да се сметаат три дена.

Мислењата за Средата наведуваат дека имало две Саботи таа недела. После првата (таа која што се случи вечерта кога беше распнувањето [Марко 15:42; Лука 23:52-54]), набавените мирудии на жените наведуваат дека тие биле набавени после Саботата (Марко 16:1). Погледот на Средата смета дека оваа “Сабота” беше Пасхата (погледни Левит 16:29-31, 23:24-32, 39, каде големите свети денови не се нужно на седмиот ден од неделата, кои се однесуваат на Саботата). Втората Сабота таа недела беше нормалната неделна Сабота. Имајте на ум дека во Лука 23:56, жената која ги беше набавила мирудиите после првата Сабота се врати да ги подготви, а потоа “се одмараа во Саботата.” Овој аргумент наведува дека тие не би можеле да ги набават мирудиите после Саботата, а да ги подготват тие мирудии пред Саботата – освен ако имало две Саботи. Со погледот на двете Саботи, ако Христос беше распнат во Четвртокот, тогаш големата света Сабота (Пасхата) би започнала во Четврток на зајдисонце, а би завршила во Петок на зајдисонце – на почетокот на неделната Еврејска Сабота или Саботата. Набавувањето на зачините после првата Сабота (Пасхата) би значело дека тие ги набавиле во Сабота и би ја прекршиле Еврејската Сабота.

Затоа, според гледиштето на Средата, единственото објаснување кое не го прекршува библискиот приказ за жените и мирудиите е буквалното разбирање на Матеј 12:40, во кое Христос бил распнат во Средата. Саботата која што беше голем свет ден (Пасхата) се случила во Четврток, жените набавиле мирудии (после тоа) во Петок, се вратиле и ги подготвиле мирудиите во истиот ден, одмараа во Саботата која беше неделната Сабота, и тогаш ги донесоа мирудиите на гробот во Недела утрото. Исус беше погребан на зајдисонце во Средата, со започнувањето на Четврток во Еврејскиот календар. Користејќи Еврејски календар, имаме Четврток вечер (прва вечер), Четврток наутро (прв ден), Петок вечер (втора вечер), Петок наутро (втор ден), Сабота вечер (трета вечер), Сабота наутро (трет ден). Не знаеме точно кое време Тој воскресна, но знаеме дека беше пред изгрејсонце во Недела. Би можело да биде воскреснат веднаш по зајдисонцето во Саботата навечер, која започнува првиот ден од неделата на Евреите. Пронаоѓањето на празниот гроб беше на изгрејсонце (Марко 16:2), пред да биде целосно светлина (Јован 20:1).

Можен проблем со погледот на Средата е дека учениците кои одеа со Исус на патот за Емаус одеа “на истиот ден” од Неговото воскресение (Лука 24:13). Учениците, кои не го препознаа Исус, Му кажуваат за распнувањето на Исус (24:20) и велат дека “денес е трет ден откога откога стана ова” (24:21). Од Среда до Недела има четири дена. Можно објаснување е дека тие можеби броеле од Средата навечер кај Христовото погребение, кое што започнува во Еврејскиот Четврток, и од Четрврток до Недела би се броело три дена.

Во големата шема на нештата, не е толку важно да се знае на кој ден од неделата Исус бил распнат. Ако би било толку важно, тогаш Божјиот Збор јасно ќе ни го кажеше денот и временскиот период. Важно е дека Тој умре и физички, телесно, воскресна од мртвите. Подеднакво важна е причината поради која Тој умре – да ја преземе казната која што сите грешници ја заслужуваат. Јован 3:16 и 3:36 прокламират дека ставајќи ја твојата доверба во Него ќе резултира во вечен живот! Ова е подеднакво вистина без разлика дали Тој беше распнат во Среда, Четврток, или Петок.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Дали Исус беше распнат во Петок?
© Copyright Got Questions Ministries