settings icon
share icon
Прашање

Дали Исус отиде во пеколот помеѓу Неговата смрт и воскресението?

Одговор


Постои голема конфузија во однос на ова прашање. Концептот дека Исус отиде во пеколот после Неговата смрт на крстот доаѓа примарно од Апостолското’ Кредо, кое изјавува, “Тој се спушти во пеколот.” Постојат исто така неколку списи, кои во зависност од тоа како се преведени, опишуваат како Исус оди во “пеколот.” Во проучувањето на ова прашање важно е да се разбере што Библијата учи за сферата на мртвите.

Во Хебрејските списи, зборот кој се користи да се опише сферата на мртвите е шеол. Едноставното значење е: “место на мртвите” или “местото на успокоените души/духови.” Грчкиот еквивалент во Новиот Завет за шеол е адот, кој, исто така, се однесува на “местото на мртвите.” Другите книги на Новиот Завет укажуваат дека шеол/адот е моментално место, каде душите се чувани додека го чекаат крајното воскресение и суд. Откровение 20:11-15 ни дава јасно разликување помеѓу адот и огненото езеро. Огненото езеро е трајното и конечно место за пресуда на загубените. Адот, пак, е привремено место. Многу луѓе ги толкуваат адот и огненото езеро како “пеколот,” и ова предизвикува конфузија. Исус не отиде на место на мачење после Неговата смрт, но Тој отиде во адот.

Шеол/Адот е сферата со две дивизии – место на благослов, и место за суд (Матеј 11:23; 16:18; Лука 10:15; 16:23; Дела 2:27–31). Престојувалиштето на на спасените и загубените обично се нарекува “Адот” во Библијата. Престојувалиштето на спасените исто така се нарекува и “Прегратката на Авраам” или “Од страната на Авраам” во Лука 16:22 и “рај” во Лука 23:43. Престојувалиштето на неспасените е наречен “пекол” или “адот” во Лука 16:23. Престојувалиштата на на спасените и неспасените се одделени со “голема бездна” (Лука 16:26). Кога Исус умре Тој отиде на блажената страна од шеолот и оттаму, ги зеде верниците со Него на небото (Ефесјани 4:8-10). Страната на судот/адот остана непроменета. Сите неверни кои се мртви одат таму и ја чекат нивната конечна пресуда во иднината. Дали Исус отиде во шеолот/адот? Да, според Ефесјаните 4:8-10 и 1 Петар 3:18-20.

Нешто од забуната се има појавено од стихови како што се Псалм 16:10-11 како што е преведено во КЏ Верзијата: “оти Ти нема да ми ја оставиш душата моја во пеколот, ниту, пак, светецот Твој да види распаѓање . . . . Ти ми ги покажа патиштата на животот.”“Пеколот” не е соодветен превод во овој стих. Правилно треба да биде “гробот” или “шеол.” На крадецот до Него, Исус му рече, “Вистина ти велам: денес ќе бидеш со Мене во рајот!” (Лука 23:43); Тој не рече, “Ќе се видиме во пеколот.” Телото на Исус беше во гробот; Неговата душа/дух отиде со блажените во шеол/адот. За жал, во многу верзии на Библијата, преведувачите не се консеквентни или исправни, во тоа како ги преведуваат Еврејските и Грчките зборови за “шеол,” “адот,” и “пеколот.”

Некои од нив имаат гледиште дека Исус отиде во “пеколот” од страната на страдањето на шеол/адот со цел и понатаму да биде казнуван за нашите гревови. Оваа идеја е сосема небиблиска. Тоа беше смртта на Исус на крстот која што беше доволна да го обезбеди нашето избавување. Тоа беше Неговата пролеана крв која што влијаеше на нашето очистување од гревот (1 Јован 1:7-9). Како што Тој висеше таму на крстот, Тој го зеде товарот од гревот на целата човечка раса на Самиот Себе. Тој стана грев за нас: “Зашто Оној, Кој не знаеше грев, Тој место нас Го направи грев, та преку Него да станеме правда Божја” (2 Коринтјани 5:21). Оваа импутација на гревот ни помага да ја разбереме битката на Христос во Гетсиманската градина со чашата на гревот која ќе се излее врз Него на крстот.

Кога смртта се приближуваше до Исус, Тој рече: “Се сврши!” (Јован 19:30). Неговото страдање наместо нас беше завршено. Неговата душа/дух отиде во адот (местото на мртвите). Исус не отиде во “пеколот” или на страната на страдањето во адот: Тој отиде во “Прегратката на Авраам” или благословената страна на адот. Страдањето на Исус заврши во моментот кога Тој умре. Платата за гревот беше платена. Тогаш Тој го чекаше воскресението на Неговото тело и Неговото вракање во слава во Неговото вознесение. Дали Исус отиде во пеколот? Не. Дали Исус отиде во шеол/адот? Да.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Дали Исус отиде во пеколот помеѓу Неговата смрт и воскресението?
© Copyright Got Questions Ministries