Прашање
Дали Исус е единствениот пат кон рајот?
Одговор
„Во целост јас сум добар човек, така да со сигурност ќе отидам во рајот.“, „Е добро, сум направил и некои лоши работи но добрите работи, што сум ги направил се повеќе од лошите, така да со сигурност ќе отидам во рајот.“, „Бог нема да ме испрати во Пеколот само затоа што не живеам според Библијата. Вемињата се сменија!“, „Само најлошите луѓе, како на пример: насилници на деца и убијци ќе отидат во пеколот.“
Повеќето луѓе имаат секакви рационални оправдувања по ова прашање, но вистината е дека сите тие се една лага. Сaтаната - кнезот на овој свет ни ги забива тие лаги во нашите глави. Тој и секој што ги следи неговите патишта се непријатели на Бога.(I Петрово 5:8). Сатаната секогаш се преправа дека е добар (II Коринтјани 11:14), но всушност ги контролира умовите на сите оние, кои не припаѓаат на Бога: „...за неверните, на кои богот на овиј свет им го заслепил разумот, за да не ги осветли светлината на Евангелието за славата на Христа, Кој е Божји лик.“ (II Коринтјани 4:4).
Не треба да мислиме дека Бог не го интересираат нашите мали гревиви и дека пеколот е само за „лошите“. Секој еден грев нè одделува од Бога дури и „малата бела лага“. Сите луѓе грешат и нема никој доволно добар за да стигне до рајот со сопствени сили (Римјани 3:23). Одењето во рајот не се базира на тоа дали нашите добри дела се повеќе од лошите – ако беше така сите ќе загубевме. „Но, ако е по благодат, тогаш не е по дела; зашто инаку благодатта не би била веќе благодат.“ (Римјани 11:6). Ние не можеме да направиме ништо добро за да си го заслужима патот до рајот (Тит 3:5).
„Влезете низ тесната врата, зашто шiрока е вратата и простран е патот, што водат кон пропаст, и мнозина се, кои влегуваат низ неа.“ (Матеј 7:13) дури и сите да живеат грешен живот и не е модерно да се верува во Бог, Тој нема да не извини. „...живеевте некогаш според векот на овој свет, според кнезот на воздушните сили – духот, кој дејствува сега меѓу синовите на непокорноста.“ (Ефесјани 2:2)
Кога Бог го создаде светот, го создаде совршен. Сè што е во него е добро. После тоа ги создаде Адан и Ева и им даде слободна волја, за да имаат избор – да решат дали ќе Го следат Бога и ќе му се покоруваат, или не. Но Адам и Ева, првите луѓе создадени од Бог, беа искушени од страна на Сатаната да не се потчинуваат на Бога и згрешија. Тоа ги одделува ( како и секој еден човек, што е роден после нив, вклучувајки нè и нас) од способноста да имаат блиски и добри односи со Бог. Бог е совршен и не може да го поднесува гревот. И бидејќи ние сме грешници, ние не можеме со сопствена сила да ги обновиме односите со Него. Затоа Бог создава пат преку кој да се обединиме во едно со Него на небото. „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“ (Јован 3:16) : „Зашто смртта е плата за гревот, но благодатниот Божји дар – вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ.“ (Римјани 6:23) Исус се роди, за да нè научи кој е тој пат и умре наместо нас за нашите гревови. Три дни покасно Тој воскресна од мртвите (Римјани 4:25) и докажа дека ја победил смртта. Тој е мостот над пропаста, што ги разделува Бог и човекот и благодарение на Него, ние можеме да имаме лични односи со Бога, но само преку веро во Него.
„А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, Единствениот вистински Бог, и Исуса Христа, Кого си Го испратил.“ (Јован 17:3) Мнозина веруваат во Бога, дури и Сатаната верува во Него. Но за да добиеме спасение ние треба да се обратиме кон Бога, да изградиме лични односи со Него, да свртеме грб на гревот и да Го следиме. Ние треба да Му се довериме на Исус Христос за сè што имаме или правиме. Ние сме праведни во очите на Бог, кога се доверуваме на Исус Христос да ги исчисти нашите гревови. И така сите ние можеме да бидеме спасени – без оглед на тоа, кои сме и што сме правеле. (Римјани 3:22) Библијата нè учи дека нема друг пат за спсение освен преку Христос. Во Јован 14:6 Исус кажува: „Јас Сум Патот, и Вистината, и Животот, никој не доаѓа при Татко Ми, освен преку Мене.“
Исус е единствениот пат за спасението, зашто само Тој може да ја плати казната за нашиот грев (Римјани 6:23). Во никоја друга религија не се зборува толку сериозно и подетално за гревот и неговите последици. Никоја друга религија не ја предложува онаа неизмерна цена за гревот, што само Исус Христос може да ја предложи. Никоја друга религија Го нема за свој „основоположник“ Бог, Кој постана човек (Јован 1:1, 14) – единствениот пат, преку кој може да биде платен нашиот бескраен грев. Исус требаше да постане човек за да умре. Спасението е достапно само преку вера во Исус Христос! „Нема спасение ниту во еден друг, ниту име друго има под небото, дадено на луѓето, преку кое мора да се спасиме“ (Дела 4:12).
Дали тоа што го прочита до тука те доведе до одлука да Го прифатиш Исус Христос? Ако одговорот е „ДА“ тогаш притисни на копчето „Денес го прифатив Христос“
English
Дали Исус е единствениот пат кон рајот?