settings icon
share icon
Прашање

Дали воскресението на Исус Христос е вистина?

Одговор


Библијата дава убедливи докази дека Исус Христос всушност воскреснал од мртвите. Воскресението на Христос е запишано во Матеј 28:1-20; Марко 16:1-20; Лука 24:1-53; и Јован 20:1 – 21:25. Воскреснатиот Христос исто така се појавува и во книгата Дела Апостолски (Дела 1:1-11). Од овие пасуси може да се добијат неколку “докази” за воскресението на Христос. Првиот е драматичната промена во учениците. Од група на исплашени мажи тие станаа храбри сведоци кои го сведочеа и споделуваа Евангелието низ целиот свет. Како на друг начин може да се објасни оваа драматична промена освен ако не им се појавил воскреснатиот Христос пред нив?

Второ, животот на апостолот Павле. Што го смени од тоа да биде гонител на црквата во апостол за црквата? Тоа беше кога воскреснатиот Христос се појави пред него на патот за Дамаск (Дела 9:1-6). Трет убедувачки доказ е празниот гроб. Ако Христос не воскреснал, тогаш каде е Неговото тело? Учениците и другите го видоа гробото каде што тој беше погребан. Кога се вратија, Неговото тело не беше таму. Ангелите јавија дека Тој воскреснал од мртвите така како што ветил (Матеј 28:5-7). Четврт, дополнителен доказ за Неговото воскресение е мноштвото на луѓе на кои им се појавил (Матеј 28:5, 9, 16-17; Марко 16:9; Лука 24:13-35; Јован 20:19, 24, 26-29, 21:1-14; Дела 1:6-8; 1 Коринтјаните 15:5-7).

Уште еден доказ за воскресението на Исус е големата важност која апостолите ја придаваа за Исусовото воскресение. Клучен пасус за воскресението на Исус е 1 Коринтјаните 15 глава. Во ова поглавје, апостолот Павле објаснува зошто е клучно да се разбере и да се верува во воскресението на Исус. Воскресението е важно за следниве причини: 1) Ако Христос не воскреснал од мртвите тогаш ни верниците нема да воскреснат исто така 2) Ако Христос не воскреснал од мртвите, Неговата жртва за гревот не е доволна (1 Коринтјани 15:16-19). Воскресението на Исус докажа дека Неговата смрт беше прифатена од Бог како откуп за нашите гревови. Ако Тој, само умреше и останеше мртов, тоа ќе укажува на фактот дека Неговата жртва не е доволна. Како резултат на тоа, нема да им бидат простени гревовите на верниците и тие ќе останат мртви кога ќе умрат (1 Коринтјани 15:16-19). Нема да има такво нешто како вечен живот (Јован 3:16). “Но, ете, Христос воскресна од мртвите и со тоа стана првина за умрените” (1 Коринтјаните 15:20).

Конечно, Библијата е јасна дека сите тие кои веруваат во Исус Христос ќе бидат воскреснати за вечен живот исто како Него. (1 Коринтјани 15:20-23). 1 Коринтјаните 15 глава продолжува да да раскажува како воскреснието на Христос ја докажува Неговата победа над гревот и како ни ја обезбедува моќта да живееме победоносно над гревот (1 Коринтјани 15:24-34). Ја опишува славната природа на воскреснатото тело кое што ќе го добиеме (1 Коринтјани 15:35-49). Објавува дека, како резултат на Христовото воскресение, сите кои веруваат во Него имаат конечна победа над смртта (1 Коринтјани 15:50-58).

Каква славна вистина е воскресението на Христос! “И така, браќа мои возљубени, бидете цврсти, непоколебливи и секогаш богати во делото Господово, знаејќи дека трудот ваш пред Господа нема да биде залуден” (1 Коринтјани 15:58). Според Библијата, воскресението на Исус Христос е дефитивно вистина. Библијата го бележи Христовото воскресение, бележи дека беше посведочено од преку 400 луѓе, и продолжува да ја гради клучната Христијанска доктрина за историскиот факт на Исусовото воскресение.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Дали воскресението на Исус Христос е вистина?
© Copyright Got Questions Ministries