settings icon
share icon
Прашање

Кое е значењето на Господовата вечера/Христијанската причест?

Одговор


Проучувањето на Господовата вечера е едно возбудливо искуство поради длабочината на значењето кое го отсликува. Тоа беше за време на старата прослава на Пасхата во пресрет на Неговата смрт кога Исус го воспостави овој значајно нов оброк по кој треба да се држиме до ден денес. Тоа е составен дел од Христијанското обожавање. Ни придонесува да се сеќаваме на смртта на нашиот Господ и воскресението и да погледнеме кон Неговото славно враќање во иднината.

Пасхата беше најсветиот празник на Еврејската религиозна година. Го прославуваше последниот помор во Египет кога сите првородени Египјани умреа а Израелците беа поштедени поради крвта на јагнето со која беа попрскани нивните довратници. Тогаш јагнето беше испечено и изедено со бесквасен леб. Божјата заповед беше дека во текот на генерациите кои доаѓаат празникот треба да се слави. Приказната е запишена во Излез 12 глава.

За време на Последната вечера – на прославата на Пасхата – Исус зеде парче леб, и Му заблагодари на Бог. Кога го раскрши им го даде на Неговите ученици, и им рече, “’Ова е Моето тело, што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен! Исто така и со чашата, по вечерата, велејќи: ‘Оваа чаша е Новиот завет со Мојата крв, која се пролива за вас.’“ (Лука 22:19-21). Тој го заврши празникот со пеење на химна (Матеј 26:30), и тие излегоа во текот на ноќта на Елеонската Гора. Тоа е местото каде што Исус беше предаден, како што беше предвидено, од страна на Јуда. Следниот ден Тој беше распнат.

Приказите за Господовата вечера се наоѓаат во Евангелијата (Матеј 26:26-29; Марко 14:17-25; Лука 22:7-22; и Јован 13:21-30). Апостолот Павле пишува во врска со Господовата вечера во 1 Коринтјаните 11:23-29. Павле вклучува изјава која не се наоѓа во Евангелијата: “Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не горазликува телото Господово“ (1 Коринтјаните 11:27-29). Може да се прашуваме што значи тоа “недостојно“ да јадеме од лебот и да пиеме од чашата. Може да значи да не се почитува вистинското значење на лебот и чашата и да ја заборавиме огромната цена, која нашиот Спасител ја плати за нашето спасение. Или може да значи да дозволиме церемонијата да стане мртва и формален ритуал или да пристапуваме кон Господовата вечера со неисповедан грев. Во согласност со инструкциите кои Павле ни ги дава, треба да се испитаме самите себеси пред да јадеме од лебот и да пиеме од чашата.

Друга изјава која Павле ја дава која не е вклучена во приказите од Евангелијата е “Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Тој не дојде“ (1 Коринтјаните 11:26). Ова нагласува временско ограничување на оваа церемонија – до враќањето на нашиот Господ. Од овие кратки прикази учиме како Исус користи два најслаби елементи како симболи на Неговото тело и крвта и ги поведе да бидат спомен за Неговата смрт. Тоа не беше спомен за врежан мермер или моделиран месинг, туку леб и вино.

Тој изложи дека лебот зборува за Неговото тело кое ќе биде скршено. Немаше скршени коски, но Неговото тело беше толку лошо мачено така што беше тешко препознатливо (Псалм 22:12-17; Исаија 53:4-7). Виното зборува за Неговата крв, укажувајќи на ужасната смрт кој Тој наскоро ќе ја доживее. Тој, совршениот Божји Син, стана исполнување на безбројните Старо-Заветни пророштва кои се однесуваа на Спасителот (Битие 3:15; Псалм 22; Исаија 53). Кога Тој рече, “Правете го ова во Мој спомен,“ Тој посочи дека ова беше церемонијата која треба да се продолжи и во иднина. Тоа исто така, посочуваше дека Пасхата, која бараше смрт на јагне и го очекуваше доаѓањето на Јагнето Божјо кој ќе го земе гревот на светот, беше исполнето во Господовата вечера. Новиот Завет го замени Стариот Завет кога Христос, Пасхалното Јагне (1 Коринтјаните 5:7), беше жртвувано (Евреите 8:8-13). Господовата вечера/Христијанската Причест е сеќавање за тоа што Христос направи за нас и прослава на она што го добиваме како резултат на Неговата жртва.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Кое е значењето на Господовата вечера/Христијанската причест?
© Copyright Got Questions Ministries