settings icon
share icon
Прашање

Тукушто поверував во Исус Христос ... и сега каде?

Одговор


Тукушто поверував во Исус Христос ... и сега каде?

Те поздравуваме! Си донел/а одлука што ќе ти го промени целиот твој живот! Сега можеби се прашуваш: „А сега каде? Како да го започнам својот животен пат со Бог?“ Петте стапки, кои што ти ги предложуваме подолу, ќе ти покажат некои насоки од Библијата. Ако имаш некакви прашања за време на „своето патување“, посети ја https://www.gotquestions.org/Macedonian

1. Провери дали имаш правилно разбирање за спасението.

Во I Јован 5:13 се кажува: „Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот...“ Бог сака од нас да го разбираме спасението на правилен начин. Тој сака ние да бидеме уверени, дека сме спасени. Накратко ќе ги разгледаме основните елементи на спасението:

А. Сите згрешивме. Сите ние сме правеле работи што не му се допаѓаат на Бог (Римјани 3:23);

Б. Како последица на нашиот грев, ние заслужуваме да бидеме казнети со вечна разделба од Бог (Римјани 6:23);

В. Исус умре на крстот за да ја плати казната за нашите гревови (Римјани 5:8; II Коринтјани 5:21). На крстот Исус го зеде нашето место, така што ја претрпе казната што ние ја заслуживме. Неговото воскресение докажа дека Неговата смрт е доволна да плати за нашите гревови.

Тоа е пораката на спасението! Ако си поверувал/а во Исус Христос, како свој Спасител, ти си спасен/а! Сите гревови ти се простени и Бог ти ветува дека никогаш нема да те изостави, ниту да те заборави (Римјани 8:38-39; Матеј 28:20). Не заборавај – твоето спасение е сигурно во Исус Христос (Јован 10:28-29). Ако се надеваш единствено на Исус како твој Спасител, можеш да бидеш сигурен/на дека ќе бидеш цела вечност во рајот заедно со Бог!

2. Започни да посетуваш добра црква, каде што се поучува од Библијата.

Немој да си мислиш дека црквата е само зградата. Црквата ја сочинуваат луѓето. Многу е важно луѓето, што веруваат во Исус Христос, да контактираат помеѓу себе. Тоа е една од основните цели на црквата. Сега, откако си поверувал/а во Исус Христос ние те советуваме да најдеш во околината, каде што живееш, црква што верува во Библијата. Започни да ја посетуваш и да разговараш со пасторот на таа црква. Добро е пасторот да знае дека ти си нов/а во верата во Исус Христос.

Втората цел на црквата е да поучува од Библијата. Можеш да научиш како да ги употребуваш Божјите повелби во твојот живот. Правилното разбирање на Библијата има особена врска за успешен и победоносен христијански живот. Во II Тимотеј 3:16-17 се кажува: „Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата, за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело.“

Третата цел на црквата е поклонение. Поклонението е да му заблагодариш на Бог за се што направил. Бог не спасил. Бог нè љуби. Бог нè води и ни дава инструкции. Дали е возможно да не му се заблагодариме за сето тоа? Бог е свет, праведен, Тој нè љуби, Тој е милостив и исполнет со благодат. Во Откровение 4:11 се кажува: „Достоен си, Господи и Боже наш, да ја примиш славата, и честа и силата, зашто Ти си создал се, и заради Твојата волја суштествува се и е создадено.“

3. Секој ден одделувај време да бидеш со Бог.

За нас е многу важно секој ден да поминуваме време, кога ќе можеме да се концентрираме врз Бог. Некои луѓе го нарекуваат „тивко време“. Други го нарекуваат „оддавање“, зашто тогаш се „оддаваат“ на Бог. На некои луѓе им се допаѓа да одделат време, за молитва и читање на Библијата, наутро, а пак на други – навечер. Но нема никаква врска кога ќе одделуваш време за тоа, или како ќе го нарекуваш. Важно е редовно да имаш такво време заедно со Бог. Што треба да содржи тоа време со Бог?

А. Молитва. Молитвата е едноставно разговор со Бог. Разговарај со Бог за твоите проблеми и за работите што те интересираат. Моли се Бог да ти даде мудрост и водство. Моли се Бог да ги задоволува твоите потреби. Кажи Му колку многу Го љубиш и колку високо го оценуваш тоа што го прави за тебе. Тоа е молитвата.

Б. Читање на Библијата. Освен тоа што од Библијата се поучува во црквата, во неделното училиште и/или на библиските часови, исто така и ти самиот треба да ја читаш и проучуваш. Библијата во себе содржи се тоа што ти е потребно за да живееш вистински, победоносен христијански живот. Во неа ќе најдеш Божји препораки за земање на правилни решение, за тоа како да ја разбереш Божјата волја за тебе, како да служиш на другите и како да растеш духовно. Библијата е Божјо Слово, напишано за нас. По својата суштина Библијата е упатство од Бога, за тоа како да живееме живот, што ќе му се допаѓа на Бога, а ние да бидеме задоволни од него.

4. Воспостави взаеми односи со луѓе кои што можат духовно да ти помогнат.

Во I Кориинтјани 15:33 се кажува: ‘Не измамувајте се:„лошите друштва ги расипуваат добрите навики!“ Библијата е исполнета со предупредувања за лошите влијанија, што „лошите“ луѓе можат да имаат врз нас. Кога сме заедно со луѓе што прават погрешни работи, тие постојано ќе не искушуваат. Карактерот на луѓето околу нас „ќе не зарази“. Точно затоа е неопходно да бидеме во друштво на луѓе кои што Го љубат Бог и Му се посветени.

Пробај да пронајдеш еден–двајца пријатели/една-две пријателки (може да се и од твојата црква), кои што ќе ти помагаат и ќе те ободруваат (Евреи 3:13; 10:24). Замоли ги да те набљудуваат дали се справуваш со твоето тивко време, со постапките што ги правиш и со твојот целокупен живот со Бог. Запрашај ги дали и тие сакаат да го правиш истото за нив. Но тоа не означува дека треба да ги напуштиш сите пријатели што не Го познаваат Исус Христос како свој Спасител. Продолжувај да бидеш нивен пријател и продолжувај да ги сакаш. Едноставно кажи им дека Исус го промени твојот живот и дека повеќе неможеш да ги правиш истите работи, што си ги правел/а порано. Замоли Го Бог да ти даде можност да зборуваш на твоите пријатели за Исус.

5. Крсти се.

Многу луѓе на неправилен начин го разбираат крштевањето. Зборот „крштевам“ означува ’потопувам во вода’. Крштевањето е еден библиски начин на јавно прогласување на верата во Исус Христос и твоето посветување на Него. Потопувањето во вода е симбол на тоа да бидеш погребан со Христос. Излегувањето од водата го симболизира Христовото воскресение. Да бидеш крстен означува да се поистоветиш со Христовата смрт, погреб и воскресение.

Крштевањето не те спасува. Крштевањето не те измива од гревовите. Крштевањето е еден чекор на послушност – јавна исповед на твојата вера во тоа, дека само Христос може да спасува. Крштевањето е важно, затоа што претставува еден чекор на послушност према Бог – јавно ја искажуваш твојата вера во Исус Христос и твојата намера да Му се посветиш. Ако се чувствуваш готов да се крстиш, треба за тоа да разговараш со твојот пастор.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Тукушто поверував во Исус Христос ... и сега каде?
© Copyright Got Questions Ministries