settings icon
share icon
Прашање

Дали Христијаните треба да се придружуваат до Саботата? Кој ден е Саботата, Сабота или Недела?

Одговор


Често се тврди дека “Бог ја воспостави Саботата во Еден“ поради поврзаноста помеѓу Саботата и создавањето во Излез 20:11. Иако Божјиот одмор на седмиот ден (Битие 2:3) го претскажа следниот закон за Саботата, не постои библиски запис за Саботата пред синовите на Израел да ја напуштат земјата Египетска. Никаде во Библијата нема навестување дека држењето на Саботата било практикувано од Адам до Мојсеј.

Божјиот Збор е многу јасен дека држањето на Саботата беше посебен знак помеѓу Бог и Израел: “Затоа синовите Израилеви нека ги пазат саботите, празнувајќи ги во родовите свои. Тоа е знак меѓу Мене и синовите Израилеви довека; зашто во шест дена ги создаде Господ небото и земјата, а во седмиот ден се отпочина и се одмори.” (Излез 31:16-17).

Во Второзаконие 5, Мојсеј ги повторува Десетте Заповеди на следната генерација на Израелците. Овде, после заповедта за држење на Саботата во стиховите 12-14, Мојсеј ја дава причината зошто Саботата беше дадена на народот на Израел: “И запомни, дека ти беше роб во Египетската земја, но Господ, твојот Бог, те изведе оттаму со цврста рака и со висока мишка; затоа и ти заповеда Господ, твојот Бог, да го почитуваш саботниот ден и да ти е свет“ (Второзаконие 5:15).

Божјата намера за давање на Саботата на Израел не беше за тие да се сеќаваат за создавањето, туку да го запомнат нивното ропство во Египет и Божјото избавување. Обрнете внимание на барањата за држењето на Саботата: Лице ставено под законот на Саботата не може да го напушти својот дом во Саботата (Излез 16:29), не може да изгради огниште (Излез 35:3), и не може да предизвика некој друг да работи (Второзаконие 5:14). Лице кое го прекршуваше законот на Саботата требаше да требало да биде убиено (Излез 31:15; Броеви 15:32-35).

Едно истражување на Ново-Заветни пасуси ни покажува четири важни точки: 1) Секогаш кога Христос се појавува во Неговата воскресната форма и кога денот е споменат, тоа е секогаш првиот ден од неделата (Матеј 28:1, 9, 10; Марко 16:9; Лука 24:1, 13, 15; Јован 20:19, 26). 2) Единствениот пат кога Саботата е споменета од Дела до Окровение е за евангелизирачки цели на Евреите обично е во синагогата (Дела глави 13-18). Павле пишува, “На Јудејците им бев како Јудеец, за да ги придобијам Јудејците“ (1 Коринтјаните 9:20). Павле не одеше во синагогите да има заедништво и да ги поучува светците, туку да ги убеди и да ги спаси изгубените. 3) Кога Павле вели: “Отсега ќе одам при народите“ (Дела 18:6), Саботата никогаш повеќе не е споменета. И 4) Наместо да предлагаат почитување на Саботата, потсетувањето на Новиот Завет го наведува спротивното (вклучувајќи еден исклучок од точка 3 погоре, кој се наоѓа во Колосјаните 2:16).

Оваа идеја се повторува повеќе од еднаш во Новиот Завет. “Така, еден разликува ден од ден, а друг сите денови ги смета еднакви. Секој нека остане уверен во својата мисла. Оној, што ги разликува деновите, ги разликува за Господа; и кој не ги разликува деновите, за Господа не ги разликува. Кој јаде, за Господа јаде, зашто Му благодари на Бога; и кој не јаде, за Господа не јаде, и Го фали Бога“ (Римјаните 14:5-6). “А сега, откако Го познавте Бога, или, подобро, откако Бог ве позна, како тоа пак да се враќате кон слабите и лоши стихии, на кои пак сакате одново да им служите? Гледате на деновите, месеците, времињата и годините (Галатјаните 4:9-10).

Но, некои тврдат дека има мандат од Константин во 321 г. кој ја “промени“ Саботата од Сабота во Недела. На кој ден раната црква се среќаваше за богослужба? Писмото никогаш не споменува некои Саботни (Неделни) собирања од верниците за заедништво или богослужба. Сепак, постојат јасни пасуси кои го споменуваат првиот ден од неделата. На пример, Дела 20:7 вели дека, “На првиот ден на седмицата се состанавме да раскршуваме леб.“ Во 1 Коринтјаните 16:2, Павле ги повикува верниците од Коринт, “Во секој прв ден, секој од вас, нека оддели и остави при себеси колку што може, за да не се врши собирањето кога ќе дојдам.“ Бидејќи Павле го одредува ова дарение како “служба“ во 2 Коринтјаните 9:12, ова собирање мора да биде поврзано со неделната богослужба на Христијанското собрание. Историски Неделата, не Саботата, е нормалниот ден за собир на Христијаните во црквата, и нејзината пракса датира уште од првиот век.

Саботата беше дадена на Израел, а не на црквата. Саботата е сеуште Сабота, а не Недела, и никогаш не се променила. Но, Саботата е дел од Старо-Заветниот Закон, а Христијаните се ослободени од ропството на Законот (Галатјаните 4:1-26; Римјаните 6:14). Христијаните не се обврзани да ја држаат Саботата – било тоа да е Сабота или Недела. Првиот ден од седмицата, Неделата, Господовиот Ден (Откровение 1:10), го слави Новото Создание, со Христос како наша воскресната Глава. Не сме обврзани да ја следиме Мојсеевата Сабота – одмарањето, туку сега сме слободни да го следиме воскреснатиот Христос – служејќи Му. Апостолот Павле кажува дека секој Христијанин треба да одлучи дали ќе се држи до Саботниот одмор, “Еден разликува ден од ден, а друг ги смета сите денови еднакви. Само некој да биде наполно уверен во своето мнение“ (Римјаните 14:5). Треба да Го обожаваме Бог секој ден, не само во Сабота или Недела.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Дали Христијаните треба да се придружуваат до Саботата? Кој ден е Саботата, Сабота или Недела?
© Copyright Got Questions Ministries