Прашање
Што значи тоа дека Исус е Божји Син?
Одговор
Исус не е Божји Син во смисла на човечки татко и син. Бог не се ожени па да има син. Бог немаше однос со Марија, па заедно со неа да Му се роди син. Исус е Божји Син во смисла дека Тој е Бог манифестиран во човечка форма (Јован 1:1, 14). Исус е Божји Син во тоа дека Тој беше зачнат во Марија од страна на Светиот Дух. Лука 1:35 објавува, ‘’Светиот Дух ќе слегне на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји.’’
За време на Неговто судење пред Еврејските водачи, Првосвештеникот побара од Исус, ‘’Те заколнувам во Живиот Бог да ни кажеш: Ти ли си Христос, Син Божји?” (Матеј 26:63). ‘’ Исус му одговори: „Ти рече! Ви велам пак: отсега ќе Го гледате Синот Човечки како седи оддесно на силата и како доаѓа по небеските облаци.” (Матеј 26:64). Еврејските лидери одговорија со обвинување на Исус за богохулство (Матеј 25:65-66). Подоцна, пред Понтиј Пилат, ‘’ Јудејците му одговорија: „Ние имаме Закон и според нашиот Закон Тој треба да умре, зашто Сам се направи Син Божји.” (Јован 19:7). Зошто Неговото тврдење дека е Син Божји е сметано за богохулство и е достојно за смртна казна? Еврејските лидери точно разбраа што Исус мислеше поз изразор ‘’Божји Син.’’ Да се биде Син Божји е да се има иста природа со Бог – всушност да се биде Бог – било богохулство за Еврејските лидери; затоа, тие побараа смрт за Исус, во согласност со Левит 24:15. Евреите 1:3 изразува многу јасно, ‘’Тој е одблесок на Неговата слава и одраз на Неговото битие.’’
Друг пример може да се најде во Јован 17:12 каде Јуда е опишан како ‘’синот на погибелта.’’ Јован 6:71 ни кажува дека Јуда бил син на Симон. Што значи Јован 17:12 кога го опишува Јуда како ‘’син на погибелта’’? Зборот погибел значи ‘’уништување, пропаст, отпад.’’ Јуда не беше буквално син на ‘’пропаста, уништувањето и отпадот, ‘’ но тие работите беа идентитеот на животот на Јуда. Јуда беше манифестација на погибелта. На овој ист начин, Исус е Божјиот Син. Синот Божји е Бог. Исус е Бог манифестиран (Јован 1:1, 14).
English
Што значи тоа дека Исус е Божји Син?