Прашање
Што Библијата учи за Тројството?
Одговор
Најтешката работа за Христијанскиот концепт за Тројството е дека не постои начин соодветно да се објасни. Тројството е концепт кој е невозможно за било кој човек целосно да го разбере, а камоли да се објасни. Бог е бескрајно поголем од нас; затоа, не треба да очекуваме да бидеме во можност целосно да Го разбереме. Библијата учи дека Таткото е Бог, дека Исус е Бог, и дека Светиот Дух е Бог. Библијата исто учи дека има само еден Бог. Иако можеме да разбереме некои факти за односот на различните Лица на Тројството од еден кон друг, во крајна линија тоа е несфатливо за човековиот ум. Сепак, ова не значи дека Тројството не е вистина или дека не е врз основа учењата на Библијата.
Тројството е еден Бог како постои во три Лица. Се разбира дека тоа на било кој начин не укажува дека има три Бога. Имајте на ум дека кога ќе ја проучувате оваа тема дека зборот “Тројство“ не се наоѓа во Библијата. Ова е термин кој се користи да се обиде да се опише троединиот Бог – три коегзистентни, вечни Лица кои Го сочинуваат Бог. Од голема важност е дека концептот претставен со зборот “Тројство“ не постои во Светото Писмо. Следново е тоа што Божјиот Збор кажува за Тројството:
1) Постои еден Бог (Второзаконие 6:4; 1 Коринтјаните 8:4; Галатјаните 3:20; 1 Тимотеј 2:5).
2) Тројството се состои од три Лица (Битие 1:1, 26; 3:22; 11:7; Исаија 6:8, 48:16, 61:1; Матеј 3:16-17, 28:19; 2 Коринтјаните 13:14). Во Битие 1:1 хебрејската множинска именка Елохим е употребена. Во Битие 1:26; 3:22; 11:7 и Исаија 6:8, множинската заменка за “нас“ е употребена. Зборот Елохим и заменката “нас“ се во множинска форма, дефинитивно во хебрејскиот јазик се однесува на повеќе од двајца. Додека ова не е експлицитен аргумент за Тројството, тоа го обележува аспектот за плурализмот на Бог. Хебрејскиот збор за Бог, Елохим, дефинитивно го дозволува Тројството.
Во Исаија 48:16 и 61:1, Синот зборува за Таткото и Светиот Дух. Споредете Исаија 61:1 со Лука 4:14-19 да видите дека Синот е Тој кој зборува. Матеј 3:16-17 го опишува настанот на крштевањето на Исус. Во овој пасус гледаме дека Бог Светиот Дух се спушта на Бог Синот додека Бог Таткото го покажува Своето задоволство во Синот. Матеј 28:29 и 2 Коринтјаните 13:14 се примери на трите различни лица на Тројството.
3) Членовите на Тројството се разликуваат еден од друг во различни пасуси. Во Стариот Завет, “ГОСПОД“ се разликува од “Господ“ (Битие 19:24; Осија 1:4). ГОСПОД има Син (Псалм 2:7, 12; Изреки 30:2-4). Духот се разликува од “ГОСПОД“ (Броеви 27:18) и од “Бог“ (Псалм 51:10-12). Бог Синот се разликува од Бог Таткото (Псалм 45:6-7; Евреите 1:8-9). Во Новиот Завет, Исус зборува на Таткото за испраќање на Утешителот, Светиот Дух (Јован 14:16-17). Ова покажува дека Исус не се сметаше Себеси да биде Таткото или Светиот Дух. Земете в предвид исто сите други места во Евангелијата каде Исус Му зборува на Таткото. Дали Тој си зборуваше Сам на Себе? Не. Тој зборуваше на другата личност во Тројството – Таткото.
4) Секој член на Тројството е Бог. Таткото е Бог (Јован 6:27; Римјаните 1:7; 1 Петар 1:2). Синот е Бог (Јован 1:1, 14; Римјаните 9:5; Колосјаните 2:9; Евреите 1:8; 1 Јован 5:20). Светиот Дух е Бог (Дела 5:3-4; 1 Коринтјаните 3:16).
5) Постои потчинетост во рамките на Тројството. Светото Писмо ни покажува дека Светиот Дух е потчинет на Таткото и Синот, и дека Синот е потчинет на Таткото. Ова е внатрешна врска и не го негира божеството на било кое лице од Тројството. Ова едноставно е област во која нашите ограничени умови не можат да разберат се што се случува во врска со Тројството.
6) Индивидуалните членови на Тројството имаат различни задачи. Таткото е крајниот извор или причина на универзумот (1 Коринтјаните 8:6; Откровение 4:11); божествено откровение (Откровение 1:1); спасение (Јован 3:16-17); и човечките дела на Исус (Јован 5:17; 14:10). Таткото ги иницира сите овие работи.
Синот е агентот преку Кој Таткото ги прави сите овие работи: создавањето и одржувањето на универзумот (1 Коринтјаните 8:6; Јован 1:3; Колосјаните 1:16-17); божествено откровение (Јован 1:1, 16:12-15; Матеј 11:27; Откровение 1:1); и спасение (2 Коринтјаните 5:19; Матеј 1:21; Јован 4:42). Таткото ги прави сите овие работи преку Синот, кој функционира како Негов агент.
Светиот Дух е Оној преку Кој Таткото ги прави следните дела: создавањето и одржувањето на универзумот (Битие 1:2; Јов 26:13; Псалм 104:30); божествено откровение (Јован 16:12-15; Ефесјаните 3:5; 2 Петар 1:21); спасение (Јован 3:6; Тит 3:5; 1 Петар 1:2); делата на Исус (Исаија 61:1; Дела 10:38). Така Таткото ги прави сите овие работи со силата на Светиот Дух.
Имало многу обиди да се развијат илустрации за Тројството. Меѓутоа, ни една од популарните илустрации не се целосно соодветни. Јајце (или јаболка) не е добра илустрација бидејќи обвивката, белката, и жолчката се делови од јајцето, а не самото јајце во нив, исто како лушпата, месото, и семките на јаболкото се дел од него, не јаболкото само по себе. Таткото, Синот, и Светиот Дух не се делови од Бог; секој од нив е Бог. Илустрацијата со водата е малку подобра, но се уште паѓа во обидот да го опише Тројството . Течноста, пареата, и мразот се форми на водата. Таткото, Синот, и Светиот Дух не се форми на Бог, секој од нив е Бог. Па, додека овие илустрации можат да ни дадат некоја слика за Тројството, сликата не е сосема точна. Бесконечен Бог не може целосно да се опише со ограничена илустрација.
Доктрината за Тројството е раскол во текот на целата историја на Христијанската црква. Додека суштинските аспекти на Тројството се јасно презентирани во Божјиот Збор, некои од несаканите прашања не се експлицитно јасни. Таткото е Бог, Синот е Бог, и Светиот Дух е Бог – но сепак постои само еден Бог. Тоа е Библиската доктрина за Тројството. Вон тоа, прашањата се, до одреден степен, дискутабилни и не се од суштинско значење. Наместо да се обидуваме целосно да го дефинираме Тројството со нашите ограничени човечки умови, подобро би било да се фокусираме на фактот на Божјата големина и Неговата бескрајно повисока природа. “О, каква длабочина на богатството, премудроста и знаењето на Бога! Колку се неиспитливи Неговите судови и неиспитливи Неговите патишта! Оти, кој ја позна мислата на Господа? Или, кој Му бил советник?“ (Римјаните 11:33-34).
English
Што Библијата учи за Тројството?