settings icon
share icon
Прашање

Дали човекот, кој е спасен еднаш е спасен засекогаш?

Одговор


Дали човекот, кој е спасен еднаш е спасен засекогаш? Кога луѓето го запознаат Исус Христос како свој Спасител, тие создаваат едни взаимоодноси со Бога, кои со сигурност им гарантираат вечен живот. Има многу места во Библијата каде што се кажува тоа.

А. Во римјани 8:30 се кажува: „А оние кои ги предопредели, тие и ги повика; кои ги повика, тие и ги оправда; кои ги оправда, тие и ги прослави.“ Овој стих ни кажува, дека уште од моментот,во кој Бог нè избрал, ние веќе сме и прославени во Неговото присуство на небото. Нема ништо, кое може да му попречи на верникот некој ден да се прослави, зашто Бог веќе го поставил тоа како цел на небото. Откако човек е оправдан спасението му е гарантирано – тоа е толку сигурно колку и фактот дека тој веќе е прославен на небото.

Б. Во Римјани 8:33-34 Павле поставува две многу важни прашања: “Кој ќе ги обвини Божјите избраници? Бог ли, Кој ги оправдува? Кој е оној кој ќе ги осуди? Христос Исус ли, Кој умре – но уште и воскресна – Кој е од десната страна на Бога и кој се застапува за нас? “ Кој ќе ги обвини Божјите избраници? Никој не може да го стори, зашто Христос е нашиот заштитник. Кој ќе нè осуди? Никој, зашто Христос, Кој умре за нас, е Тој, Кој го има правото да суди. И заштитникот и судијата се претставени од нашиот Спасител.

В. Верниците се раѓаат наново кога се обраќаат кон Бога. (Јован 3:3 ; Тит 3:5). За да го загуби својот вечен живот, христијанинот треба да се „одроди наново.“ Во Библијата нема докази, дека раѓањето наново може да биде одземено.

Г. Светиот Дух живее во верниците (Јован 14:17, Римјани 8:9) и ги крштева сите верници во Христовото тело (1 Коринтјани 12.13). За да не биде спасен некој верник, Светиот Дух треба да престане да живее во него и христијанинот да биде откинат од Христовото тело.

Д. Во Јован 3:15 се кажува дека кој ќе поверува во Исус Христо ќе има “живот вечен“. Ако поверуваш во Исус Христос и добиеш вечен живот денес а утре го загубиш, тогаш тој воопшто не бил вечен. Ете зошто да го загубиш спасението означува, дека ветувањата дадени во Библијата не се вистински.

Е. Најголемиот аргумент во полза на оваа теза тука се наоѓа во самата Библија. Во Римјани 8:38-39 се кажува: „Зашто сум уверен дека ни смртта ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту некое друго создание, ќе може да нè оддели од Божјата љубов, која е во Христа Исуса нашиот Господ.“ Помни дека Бог, Кој те спаси е истиот Бог, Кој ќе те запази. Еднаш спасен, човекот си останува спасен засекогаш. Можеме со сигурност да кажеме, дека нашето спасение е сигурно за целата вечност.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Дали човекот, кој е спасен еднаш е спасен засекогаш?
© Copyright Got Questions Ministries