settings icon
share icon
Прашање

Што Библијата кажува за ангелите?

Одговор


Ангелите се лични духовни суштества кои имаат интелигенција, емоции, и волја. Ова е точно и за добрите и за лошите ангели (демоните). Ангелите поседуваат интелигенција (Матеј 8:29; 2 Коринтјаните 11:3; 1 Петар 1:12), покажуваат емоции (Лука 2:13; Јаков 2:19; Откровение 12:17), како и волја (Лука 8:28-31; 2 Тимотеј 2:26; Јуда 6). Ангелите се духовни суштества (Евреите 1:14) без вистински физички тела. Иако тие немаат физички тела, тие се уште личности.

Бидејќи тие се создадени суштества, нивното знаење е ограничено. Ова значи дека тие не ги знаат сите работи како што Бог ги знае (Матеј 24:36). Тие изгледаат како да имаат поголемо знаење од луѓето, сепак, тоа може да се должи на три работи. Прво, ангелите беа создадени како вид на суштества погорни од луѓето. Затоа, тие вродено поседуваат поголемо знаење. Второ, ангелите ја проучуваат Библијата и светот подетално од луѓето и од тоа стекнуваат знаење (Јаков 2:19; Откровение 12:12). Трето, ангелите се стекнуваат со знаење преку долгите набљудувања на човечките активности. За разлика од луѓето, ангелите не треба да го проучуваат минатото; тие веќе го доживеале. Затоа, тие знаат како другите се однесувале и реагирале во ситуации и можат да предвидат со поголем степен на точност како ние би реагирале во слични околности.

Иако тие имаат волја, како сите суштества, тие се предмет на Божјата волја. Добрите ангели се испратени од Бог да им помагаат на верниците (Евреите 1:14). Еве неколку активности кои Библијата ги опишува на ангелите: Тие го слават Бог (Псалм 148:1-2; Исаија 6:3). Тие се радуваат во тоа што Бог го прави (Јов 38:6-7). Тие Му служат на Бог (Псалм 103:20; Откровение 22:9). Тие се инструмент на Божјите судови (Откровение 7:1; 8:2). Тие донесуваат одговори на молитва (Дела 12:5-10). Тие помагаат во освојувањето на луѓе за Христос (Дела 8:26; 10:3). Тие ги набљудуваат редот, работата, и страдањето на Христијаните (1 Коринтјаните 4:9; 11:10; Ефесјаните 3:10; 1 Петар 1:12). Тие охрабруваат во време на опасност (Дела 27:23-24). Тие се грижат за праведните за време на смртта (Лука 16:22).

Ангелите се целосно различен вид на суштества од луѓето. Човечките суштества не стануваат ангели кога ќе умрат. Ангелите никогаш нема да станат, и никогаш не биле, човечки суштества. Бог си создаде ангелите, како што Ги создаде и луѓето. Библијата никаде не вели дека ангелите беа создадени според образот и подобието на Бог, како што се луѓето (Битие 1:26). Ангелите се духовни суштества кои можат, до одреден степен, да земат физичка форма, но со духовен аспект. Најголемите работи кои можеме да ги научиме од светите ангели се нивната моментална, безусловна послушност кон Божјите заповеди.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што Библијата кажува за ангелите?
© Copyright Got Questions Ministries