Прашање
Како може да имам увереност за моето спасение?
Одговор
Многу следбеници на Исус Христос ја бараат увереноста на спасението на погрешни места. Настојуваме да ја бараме увереноста на спасението во работите кои што Бог ги прави во нашите животи, во нашиот духовен раст, во добрите дела и послушноста кон Божјиот Збор која што е евидентна во нашиот христијански живот. Додека овие нешта можат да бидат доказ за спасението, тие не се тоа во кое што ние треба да ја базираме увереноста на нашето спасение. Наместо тоа, треба да ја бараме увереноста на нашето спасение во објективната вистина во Божјиот Збор. Треба да имаме сигурна доверба дека сме спасени врз основа на ветувањата кои Бог ги изложи, а не поради нашите лични искуства.
Како можеш да имаш увереност во спасението? Земи го во предвид 1 Јован 5:11-13: “А сведоштвото е тоа дека Бог ни дарувал живот вечен; и тој живот е во Неговиот Син. Кој го има Синот Божји, тој го има и тој живот; кој Го нема Синот Божји, го нема тој живот.Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Синот Божји, за да знаете за да знаете дека имате живот вечен и да верувате во името на Синот Божји.“ Кој е тој што го има Синот? Тоа се оние кои што поверувале во Него (Јован 1:12). Ако го имаш Исус, имаш живот. Не привремен, но вечен.
Бог сака ние да имаме увереност за нашето спасение. Не треба да ги живееме нашите христијански животи прашувајќи и грижејќи се секој ден дали сме навистина спасени. Тоа е причината зошто Библијата го прави планот за спасение толку јасен. Верувај во Исус Христос (Јован 3:16; Дела 16:31). “оти, ако со устата Го исповедаш Господа Исуса Христа и со срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш“ (Римјани 10:9). Дали си се покајал за своите гревови? Дали веруваш дека Исус умре да ја плати казната за твоите гревови и воскресна повторно од мртвите? (Римјани 5:8; 2 Коринтјани 5:21)? Дали веруваш единствено во Него за спасение? Ако одговорот на овие прашања е “да,“ ти си спасен! Сигурноста значи слобода од сомнежот. Со земање на Божјиот Збор во срцето, нема да имаш сомнеж за реалноста на твоето вечно спасение.
Исус Самиот им даваше увереност на оние кои веруваа во Него: “и Јас ќе им дадам живот вечен; и никогаш нема да загинат; и никој не ќе ги отме од раката Моја. Мојот Отец, што Ми ги даде, е поголем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Отец“ (Јован 10:28-29). Вечниот живот е баш таков – вечен. Нема никој, па дури ни самиот ти, кој може да го одзеде Христовото од Бога дадено дар на спасение од тебе.
Го чуваме Божјиот Збор во нашите срца, да не згрешиме против Него (Псалм 119:11), ова го вклучува и гревот на сомнеж. Радувај се во тоа што Божјиот Збор ти кажува: наместо со сомнеж, можеме да живееме со доверба! Можеме да ја имаме увереноста од Христовиот кажан Збор дека нашето спасение никогаш нема да биде во прашање. Нашата увереност во спасението е втемелена на совршеното и целосно спасение кое што Бог го обезбеди преку Исус Христос.
English
Како може да имам увереност за моето спасение?