settings icon
share icon
Прашање

Кои се Божјите атрибути? Каков е Бог?

Одговор


Библијата, Божјиот Збор, ни кажува каков е, и каков не е Бог? Без авторитетот на Библијата, секој обид да се објаснат Божјите атрибути, не би било подобро од мислење, кое само по себе често е неточно, посебно во разбирањето на Бог (Јов 42:7). Да се каже дека е важно за нас да се обидеме да разбереме каков е Бог е големо потценување. Неуспехот да се стори тоа може да не предизвика да се воведеме, да трчаме по, и да обожаваме лажни богови спротивно од Неговата волја (Излез 20:3-5).

Само она што Го избра Бог да се знае за Него може да се знае. Еден од Божјите атрибути или квалитети е “светлината,“ што значи дека Тој се – само-открива за Него (Исаија 60:19; Јаков 1:17). Фактот дека Бог го откри знаење за Себе не треба да биде занемарен (Евреите 4:1). Создавањето, Библијата, и Словото кое стана тело (Исус Христос) ќе ни помогнат да дознаеме каков е Бог.

Да почнеме со разбирањето дека Бог е наш Создател (Битие 1:1, Псалм 24:1) и дека ние сме создадени според Неговиот образ. Човекот е над остатокот од создавањето и му беше дадена власт над тоа (Битие 1:26-28). Создавањето е нарушено со падот, но сепак уште нуди увид на Божјите дела (Битие 3:17-18; Римјаните 1:19-20). Со оглед на пространоста на создавањето, сложеноста, убавината, и редот, можеме да имаме чувство на генијалноста на Бог.

Читањето на некои од имињата на Бог може да ни помогнат во нашата потрага за тоа каков е Бог. Тие се следните:

Елохим – Силен, Божествен (Битие 1:1)
Адонај – Господ, што укажува на однос Господар – слуга (Излез 4:10, 13)
Ел Елоин – Севишниот, Најсилниот (Битие 14:20)
Ел Рои – Силниот кој гледа (Битие 16:13)
Ел Шадај – Семоќен Бог (Битие 17:1)
Ел Олам – Вечниот Бог (Исаија 40:28)
Јахве – Господ “Јас сум,“ што значи, вечниот вечно-постоечки Бог (Излез 3:13, 14).

Бог е вечен, што значи дека Тој нема почеток и Неговото постоење никогаш нема да заврши. Тој е бесмртен и бесконечен (Второзаконие 33:27; Псалм 90:2; 1 Тимотеј 1:17). Бог е непроменлив, што значи дека Тој не се менува; ова, по редослед значи дека Тој е апсолутно сигурен и доверлив (Малахија 3:6; Броеви 23:19; Псалм 102:26, 27). Бог е неспоредлив; нема никој како Него во дела или битие. Му нема рамен и Тој е совршен (2 Самоил 7:22; Псалм 86:8; Исаија 40:25; Матеј 5:48). Бог е неиспитлив, неизмерлив, неистражлив, што значи дека Бог е мистериозен, невозможно е да се разбере во целосност (Исаија 40:28; Псалм 145:3, Римјаните 11:33, 34).

Бог е праведен; Тој не почитува лица во смисла да биде пристрасен (Второзаконие 32:4; Псалм 18:30). Бог е семоќен; Тој е семоќен и може да направи се што Му е угодно, но Неговите дела секогаш ќе бидат во согласност со Неговиот карактер (Откровение 19:6; Еремија 32:17, 27). Бог е сеприсутен, што значи дека Тој е присутен насекаде, но ова не значи дека Бог е се (Псалм 139:7-13; Еремија 23:23). Бог е сезнаен, што значи дека тој ги знае минатото, сегашноста и иднината, вклучувајќи го тоа што ние го мислиме во секој даден момент. Бидејќи Тој знае се, Неговата правда секогаш ќе биде спроведена доволна (Псалм 139:1-5; Изреки 5:21).

Бог е еден; не само што нема друг, туку Тој е единствен кој е во можност да ги исполни нашите најдлабоки потреби и желби на нашите срца. Бог единствено е достоен за нашите обожавања кон Него и посветеност (Второзаконие 6:4). Бог е праведен, што значи дека Тој не може и нема да премолчи покрај злодело. Тоа е така поради Божјата праведност и правичност, со цел за нашите гревови да бидат опростени, Исус мораше да го искуси Божјиот гнев кога нашите гревови беа врз Него (Излез 9:27; Матеј 27:45-46; Римјаните 3:21-26).

Бог е суверен, што значи дека е Врховен. Цело Негово создание заедно не може да ги попречи Неговите цели (Псалм 93:1; 95:3; Еремија 23:20). Бог е дух; што значи дека Тој е невидлив (Јован 1:18; 4:24). Бог е Тројство. Тој е три во едно, исти во суштина, еднакви во сила и слава. Бог е вистина, Тој ќе остане беспрекорен и не може да лаже (Псалм 117:2; 1 Самоил 15:29).

Бог е свет, одвоен од сета морална нечистотија и e непријателски расположен кон тоа. Бог го гледа сето зло и тоа Го лути. Бог е споменат како оган што изгорува (Исаија 6:3; Авакум 1:13, Излез 3:2, 4:5; Евреите 12:29). Бог е милостив, и Неговата благодат ја вклучува Неговата добрина, благост, милост, и љубов. Ако не беше Божјата благодат, Неговата светост ќе не исклучеше од Неговото присуство. За среќа, ова не е случајот, бидејќи Тој сака да го знае секој од нас лично (Излез 34:6; Псалм 31:19; 1 Петар 1:3, Јован 3:16, 17:3).

Бидејќи Бог е бесконечно Битие, ниту еден човек не може целосно да одговори на ова со големина на Бог – прашање, но преку Божјиот Збор, можеме да разбереме многу за тоа Кој е Бог и каков е Тој. Нека сите ние со цело срце продолжиме да Го бараме (Еремија 29:13).

English



вратете се назад на основната македонска страница

Кои се Божјите атрибути? Каков е Бог?
© Copyright Got Questions Ministries