settings icon
share icon
Прашање

Зошто Бог дозволува да се случуваат лоши работи на добри луѓе?

Одговор


Ова е едно од најтешките прашања во целата теологија. Бог е вечен, бесконечен, сезнаен, сеприсутен и семоќен. Зошто човечките суштества кои не се (вечни, бесконечни, сезнајни, сеприсутни, или семоќни) очекуваат целосно да ги разберат Божјите патишта? Книгата на Јов се занимава со ова прашање. Бог му дозволи на Сатаната да му направи се што сака на Јов, освен да го убие. Каква беше реакцијата на Јов? ‘’ Ете,Тој може да ме убие, но јас ќе се надевам’’ (Јов 13:15). ‘’Господ даде, Господ го зеде; како што му беше угодно на Господа, така и станува. Нека е благословено името Господово!” (Јов 1:21). Јов не разбираше зошто Бог ги дозволи работите кои ги дозволи, но тој знаеше дека Бог е добар и затоа и понатаму продолжи да верува во Него. На крајот на краиштата нашата реакција треба да биде исто таква.

Зошто лоши работи се случуваат на добри луѓе? Библискиот одговор е дека нема ‘’добри’’ луѓе. Библијата е многу јасна дека сите ние сме расипани и заразени со грев (Проповедник 7:20; Римјани 6:23; 1 Јован 1:8). Римјани 3:10-18 неможе да биде појасно за непостоењето на ‘’добри’’ луѓе.‘’ Нема ниеден праведен, нема ниеден разумен, нема кој да Го бара Бога; сите се отстранија, заедно станаа негодни: нема кој да прави добро, нема ниеден”. Грлото нивно – отворен гроб; со јазиците свои мамат; под јазиците нивни – змиски отров, устата нивна е полна со клетва и горчина. Нозете нивни им се брзи за проливање крв; пустош и маки по нивните патишта; тие не го познаа патот на мирот. Страв Божји нема пред очите нивни.’’ Секое човечко суштество заслужува да биде фрлено во пеколот во овој момент. Секоја секунда која што ја поминуваме живи е единствено преку благодатта и милоста на Бог. Дури и најстрашната мизерија која што можеме да ја доживееме на оваа планета е милостина споредено со тоа што го заслужуваме, вечен пекол во огненото езеро.

Подоброто прашање ќе биде ‘’ Зошто Бог дозволува да се случуваат добри работи на лоши луѓе?’’ Римјани 5:8 наведува, ‘’ Но, Бог ја докажа љубовта Своја кон нас со тоа, што Христос умре за нас, уште додека бевме грешни.’’ И покрај злобната, зла, и грешна природа на луѓето на луѓето од овој свет, Бог сепак не сака. Тој не засака доволно да ја плати казната за нашиот грев со смрт (Римјани 6:23). Ако го примиме Исус Христос како Спасител (Јован 3.16; Римјани 10:9), ќе ни биде опростено и ќе имаме вечен дом на небото (Римјани 8:1). Тоа што го заслужуваме е пекол. Тоа што ќе ни се даде е вечен живот во рајот ако дојдеме при Христос со вера.

Да, понекогаш лоши работи се случуваат на луѓе кои изгледа дека не ги заслужиле. Но Бог дозволува нештата да се случат за Негови причини, без разлика дали ние ги разбираме или не. Пред се, како и да е, треба да запаметиме дека Бог е добар, праведен, полн со љубов, и милостив. Често ни се случуваат работи кои едноставно неможеме да ги разбереме. Како и да е, наместо да се сомневаме во Божјата добрина, ние треба да Му веруваме. ‘’ Надевај се на Господа од сè срце и не се потпирај врз твојот разум. По сите свои патишта размислувај за Него, и Тој ќе ти ги покаже твоите патеки.’’ (Поговорки 3:5-6).

English



вратете се назад на основната македонска страница

Зошто Бог дозволува да се случуваат лоши работи на добри луѓе?
© Copyright Got Questions Ministries