settings icon
share icon
Прашање

Што означува крштавањето на христијанинот?

Одговор


Според Библијата крштавањето е надворешен знак, за тоа што се случило внатре во верникот. Крштавањето на христијанинот е израз на солидарност кон Христовата смрт, погребение и воскресение. Библијата кажува: „Или зар не знаете дека сите ние, кои сме крстени во Исуса Христа, крстени сме во Неговата смрт? И така преку крштевањето во смртта, погребани сме заедно со Него, та како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Таткото, - така и ние да одиме во нов живот.“ (Римјани 6:3-4) При крштавањето на христијанинот потопувањето во вода е симбол на неговото погребување со Христос, а излегувањето од водата – на Христовото воскресение.

Има два услова, што треба да бидат исполнети за крштавање: 1)Тој треба да се предал себеси на Исус Христос како на свој Спасител. 2) Треба да разбира што претставува крштевањето. Ако човек Го познава Исус Христос како свој Спасител, ако разбира дека крштевањето е знак на покорство кон Бога, дека преку него јавно ја изразува својата вера во Христос, и ако сака да биде крстен, тогаш нема никаква причина тој човек да не биде крстен. Според Библијата крштавањето е едноставно чекор на покорство и јавно прокламирање на верата на дадениот човек во Исус Христос како негов единствен Спасител. Крштавањето на христијанинот има големо значење, зашто претставува знак на покорност – јавно декларирање на својата вера во Христос и на неговото посветување на Бога, како и неговата солидарност кон Христовата смрт, погребение и воскресение.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што означува крштавањето на христијанинот?
© Copyright Got Questions Ministries