settings icon
share icon
Прашање

Што е крштевањето на Светиот Дух?

Одговор


Крштевањето на Светиот Дух може да се дефинира како работа во која Божјиот Дух го става верникот во заедништво со единство со Христос и во заедница со другите верници во телото Христово во моментот на спасение. Крштавањето на Светиот Дух беше предвидено од страна на Јован Крстител (Марко 1:8) и од Исус пред да се вознесе на небото: “Зашто Јован крштаваше со вода, а вие, не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух“ (Дела 1:5). Ова ветување беше исполнето на денот на Педесетница (Дела 2:1-4); за прв пат, Светиот Дух постојано започна да живее во верниците, и тогаш црквата започна.

1 Коринтјаните 12.12 – 13 е главниот пасус во Библијата во врска со крштевањето на Светиот Дух: “Зашто преку еден Дух сме крстени сите во едно тело – било Јудејци или Елини, било робови или слободни; и сите сме со Дух напоени“ (1 Коринтјаните 12.13). Забележете дека “сите“ биле крстени од Духот – сите верници го примија крштевањето, синонимот за спасението, и не е посебно доживување само за некои. Иако Римјаните 6:1-4 не го споменува конкретно Духот на Бог, ја опишува позицијата на верникот пред Бог во јазик сличен на пасус од 1 Коринтјаните: “ Што, пак, да речеме? Ќе останеме ли во гревот, за да се умножи благодатта? Никако! Ние, кои сме умреле за гревот, како ќе живееме во него уште? Зар не знаете дека сите ние што се крстивме во Исуса Христа, во Неговата смрт се крстивме. И така, ние се погребавме со Него преку крштавањето во смртта, та, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, така и ние да одиме во обновен живот (Римјани 6:1-4).

Следниве факти се потребни да ни помогнат да го зацврстиме нашето разбирање за Крштевањето на Духот: Прво, 1 Коринтјани 12:13 јасно наведува дека сите биле крстени, исто како што на сите им е даден Духот да пијат (живеањето на Светиот Дух). Второ, никаде во Библијата не им е кажано на верниците да бидат крстени со, во, или од Духот, или во некоја смисла да го бараат крштевањето на Светиот Дух. Ова укажува дека сите верници веќе го имале ова искуство. Трето, Ефесјаните 4:5 изгледа дека се однесува на крштевање во Духот. Ако ова е случајот, крштевањето во Духот е реалност за секој верник исто како што се “една вера“ и “еден Татко“.

Во заклучок, крштевањето на Светиот Дух прави две работи, 1) не соединува во телото Христово, и 2) го актуелизира нашето учество во распетието со Христос. Да се биде во Неговото тело значи дека ние сме воскреснани со Него во новиот живот (Римјани 6:4). Тогаш треба да да ги применуваме нашите духовни дарови да го зачуваме тоа тело да функционира правилно како што е наведено во 1 Коринтјаните 12:13. Доживувањето на едното крштевање во Духот ни служи како основа за зачувување на единството на црквата, како што е наведено во контекст на Ефесјаните 4:5. Да се биде здружен со Христос во Неговата смрт, погребение, и воскреснување преку крштевањето на Духот ја воспоставува основата на нашата одвоеност од од власта на гревот и нашето живеење во новиот живот (Римјани 6:1-10; Колосјани 2:12).

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што е крштевањето на Светиот Дух?
© Copyright Got Questions Ministries