settings icon
share icon
Прашање

Како биле спасени луѓето пред Исус да умре за нашите гревови?

Одговор


По падот на човекот, основата за спасение отсекогаш била смртта на Христос. Никој, или пред крстот или од времето на крстот, некогаш ќе се спаси без тој еден клучен настан во историјата на светот. Христовата смрт ја плати казната за минатите гревови на Старо Заветните светии и идните гревови на Ново Заветните светии.

Условот за спасение отсекогаш била верата. Предметот за нечија вера за спасение отсекогаш бил Бог. Псалмистот пишува, “Блажени се сите, кои на Него се надеваат“ (Псалм 2:12). Битие 15:6 ни кажува дека Авраам Му поверува на Бог, и тоа беше доволно за Бог да го прогласи за праведен (види исто Римјани 4:3-8). Жртвениот систем на Стариот завет не го одземаше гревот, како што Евреите 10:1-10 јасно ни покажува. Сепак, тоа, укажуваше на денот кога Синот Божји ќе ја пролее својата крв за грешниот човечки род.

Тоа што се промени низ вековите e соджината на верата на верникот. Божјиот услов за тоа во што мора да се верува е врз основа на бројот на откровенијата кои што Тој им ги даде на човештвото во тоа време. Ова се нарекува прогресивно откровение. Адам веруваше во ветувањата кои Бог ги даде во Битие 3:15 дека Семето на жената ќе го победи Сатаната. Адам Му веруваше на Бог, го покажа тоа со името што го даде на жената Ева (стих 20) и Бог го покажаа Неговото прифакање веднаш со тоа што ги покри со мантил од кожа (стих 21). Во тој момент, тоа е се што Адам знаеше, но тој веруваше.

Авраам Му поверува на Бог, според ветувањата и новото откровение кое Бог му го даде во Битие 12 и 15 глава. Пред Мојсеј, ниедна книга од Библијата не беше напишана, но човештвото беше одговорно според тоа што Бог го беше открил. Во текот на Стариот Завет, верниците доаѓаа до спасение бидејќи тие веруваа дека еден Бог ќе се погрижи за нивниот проблем со гревот. Денес, гледаме во минатото, верувајќи дека Тој веќе ги презел нашите гревови на крстот (Јован 3:16; Евреите 9:28).

Но што е со верниците во времето на Христос, пред крстот и воскресението? Во што веруваа тие? Дали тие ја разбираа целата слика на Христос како умира на крстот за нивните гревови? Доцна во Неговата служба, “Оттогаш почна Исус на Своите ученици да им открива дека Тој треба да отиде во Ерусалим и да пострада многу од старешините, првосвештениците и книжниците и да биде убиен, и на третиот ден да воскресне“ (Матеј 16:21-22). Каква беше реакцијата на Неговите ученици за оваа порака? “А Петар, како Го повлече настрана, почна да Му говори, зборувајќи: „Биди милостив кон Себе, Господи; тоа со Тебе нема да се случи!” Петар и другите ученици не ја знаејаа целата вистина, но сепак тие биле спасени бидејќи верувале дека Бог ќе се погрижи за нивниот проблем со гревот. Тие не знаејаа како Тој ќе го стори тоа, исто како Адам, Авраам, Мојсеј или Давид, но тие веруваа во Бог.

Денес, ние имаме повеќе откровение од луѓето кои што живееја пред воскреснувањето на Христос; ние ја знаеме целата слика. “Бог, Кој во старо време, откако многупати и на многу начини им зборуваше на оците наши преку пророците, во последниве дни ни зборува преку Синот, Кого Го постави за наследник над сè, преку Кого ги создаде и вековите“ (Евреите 1:1-2). Нашето спасение сеуште е втемелено на смртта на Христос, нашата вера е сеуште условот за спасение, а објектот на нашата вера сеуште е Бог. Денес, за нас, содржината на нашата вера е дека Исус умре за нашите гревови, Тој беше погребан, и воскресна на третиот ден (1 Коринтјаните 15:3-4).

English



вратете се назад на основната македонска страница

Како биле спасени луѓето пред Исус да умре за нашите гревови?
© Copyright Got Questions Ministries