settings icon
share icon
Прашање

Што е хулата против Светиот Дух?

Одговор


Концептот на “хулата против Светиот Дух“ се споменува во Марко 3:22-30 и Матеј 12:22-32. Исус само што беше направил чудо. Човек опседнат со демон беше донесен кај Исус, и Господ го изгони демонот надвор, исцелувајќи го човекот од слепило и немост. Очевидците на овој егзорцизам почнаа да се прашуват дали Исус е Месијата кои тие го чекаат да дојде. Групата од Фарисеите, кои го слушаа разговорот за Месијата, брзо ја отфрлија надежната вера на толпата: “А фарисеите, штом го чуја тоа, рекоа: „Тој не ги истерува бесовите по друг начин освен преку Велзевула, началникот на демоните.” (Матеј 12:24).

Исус ги побива Фарисеите со некои логички аргументи за тоа зошто Тој не ги изгонува демоните со силата на Сатаната (Матеј 12:25-29). Тогаш Тој зборува за хулата против Светиот Дух: “Затоа ви велам, секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против Светиот Дух нема да им се прости на луѓето. И, ако некој каже збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но, ако каже нешто против Светиот Дух, нема да му се прости ни на овој, ни на оној свет (31-32 стих).

Терминот хула генерално може да се дефинира како “пркосно непочитување.“ Терминот може да се примени на гревови како што се: пцуење на Бог, или намерно понижување на работите поврзани со Бог. Хулата исто така е препишување некое зло на Бог, или негирање на некое добро кое треба да Му се препише Нему. Конкретниот случај за хула, сепак, се нарекува “хула против Светиот Дух“ во Матеј 12:31. Фарисеите, откако беа сведоци за непобитниот доказ дека Исус правеше чуда во силата на Светиот Дух, тврдеа дека Господ беше опседнат со демон (Матеј 12:24). Запази дека во Марко 3:30 Исус е многу јасен за тоа што Фарисеите направија да похулат на Светиот Дух: “Тој го рече ова, зашто тие велеа: ‘Има нечист дух’“ (Марко 3:30).

Хулата против Светиот Дух има врска со обвинувањето на Исус Христос дека е опседнат со демон наместо исполнет со Духот. Овој конкретен тип на богохулење неможе да се повтори денес. Фарисеите беа во уникатен момент во историјата: тие го имаа Законот и Пророците, го имаа Светиот Дух како ги предизвикува нивните срца, го имаа Синот Божји како стои пред нив, и со нивни очи ги видоа чудата кои Тој ги направи. Никогаш претходно во историјата на светот (и никогаш повеќе) не им била дадена толку божествена светлина на луѓето; ако некој требаше да Го препознае Исус за тоа Кој беше Тој, тоа беа Фарисеите. Сепак тие го избраа инаетот. Тие намерно ја препишаа работата на Духот на ѓаволот, иако знаеја за вистината и имаа доказ за неа. Исус ја прогласи нивната намерна слепост за неопростлива. Нивната хула против Светиот Дух беше нивното конечно отфрлање на Божјата благодат. Тие ја поставија нивната насока, и Бог ги остави да пловат во пропаст непопречено.

Исус им рече на толпата дека хулата на Фарисеите против Светиот Дух “нема да му се прости ни на овој, ни на оној свет“ (Матеј 12:32). Ова е уште еден начин да се каже дека нивниот грев никогаш нема да биде простен, никогаш. Ниту сега, а ниту и во вечноста. Како што вели Марко 3.29, “нема прошка довека.“

Моменталниот резултат на јавното отфрлање на Фарисеите од Христос (и Бојжото отфрлање од нив) е видено во следното поглавје. Исус, за прв пат, “Им говореше многу во параболи“ (Матеј 13:3; Марко 4.2). Учениците беа збунети од промената на начинот на кој што Исус поучуваше, и затоа Тој им ја објасни Неговата употреба на параболи: “Зашто вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено . . . . Затоа им зборувам во параболи, оти гледаат и не виѓаваат; слушаат и не чујат, ниту, пак, разбираат“ (Матеј 13:11, 13). Исус почна да ја прекрива вистината со параболи и метафори како директен резултат на званичното откажување на Еврејските лидери од Него.

Повторно, хулата против Светиот Дух не може да се повтори денес, иако некои луѓе пробуваат. Исус Христос не е на Земјата – Тој седи од десната страна на Таткото. Никој не може лично да сведочи дека Исус врши чуда а потоа таа моќ да ја препише на Сатаната наместо на Светиот Дух.

Неопростливиот грев грев денес е состојбата на континуирано неверување. Во моментот Духот го осудува неспасениот свет за грев, праведност и суд (Јован 16:8). Спротиставувањето на осудата и намерното останување непокаен е “хула“ на Светиот Дух.Нема помилување, ни во овој век, ни во векот кој доаѓа, за човек кој ги отфрла инсистирањата на Духот за вера во Исус Христос кој потоа умре во неверување. Божјата љубов е евидентна: “Зошто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16). И изборот е јасен: “Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не се покорува на Синот, нема да види живот, туку Божјиот гнев останува врз него“ (Јован 3.36).

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што е хулата против Светиот Дух?
© Copyright Got Questions Ministries