settings icon
share icon
Прашање

Дали имаме два или три дела? Дали сме тело, душа, и дух – или – тело, душа-дух?

Одговор


Битие 1:26-27 укажува на тоа дека постои нешто што го прави човештвото да се разликува од сите други созданија. Човечките суштества беа определени да имаат врска со Бог, и како такви, Бог не создаде со материјални и духовни делови. Материјалното е очигледно, она што е видливо: физичкото тело, коските, органите, итн..., и постои се додека лицето е живо. Духовните аспекти се оние кои што се недофатливи: душа, дух, интелект, волја, совест, итн. Овие постојат надвор од физичкиот век на поединецот.

Сите човечки суштества поседуваат материјални и духовни карактеристики. Јасно е дека целото човештво има тело кое содржи месо, крв, коски, органи, и клетки. Сепак, недофатливите квалитети на човештвото оние кои што се често дебатирани. Што Библијата кажува за овие? Битие 2:7 пишува дека човекот беше создаден како жива душа. Броеви 16:22 го именува Бог како “Бог на духовите“ кои се во посед на целото човештво. Изреки 4:23 ни кажува, “А над сѐ чувај го своето срце, зашто животот извира од него,“ што покажува дека срцето е од централно значење за човековата волја и емоциите. Дела 23:1 вели, “А Павле погледна кон Синедрионот и рече: ,,Мажи браќа, јас живеев со наполно чиста совест пред Бога до овој ден.“ Овде Павле укажува на совеста, тој дел од умот кој што не осудува на право и погрешно. Римјаните 12:2 вели, “Немојте да се прилагодувате со овој свет; туку, преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум.“ Овие стихови, како и многу други, се однесуваат на различни аспекти на духовниот дел на човештвото. Ние сите делиме материјални и духовни вредности.

Значи, Писмото истакнува многу повеќе отколку само душата и духот. Некако, душата, духот, срцето, совеста, и умот се сврзани и меѓусебно поврзани. Душата и духот, сепак, се примарните духовни аспекти на човештвото. Тие, најверојатно се состојат од други аспекти. Со ова на ум, дали човештвото е дихотомно (поделено на два дела: тело/душа-дух), или трихотомно (поделено на три дела: тело/душа/дух). Постојат добри аргументи за двете гледишта. Клучен стих е Евреите 4:12: “Зашто Божјото Слово е живо, и делотворно, и поостро од секој меч остар од двете страни, и навлегува до разделувањето на душата и духот, на зглобовите и на мозокот; и ги суди мислите и намерите на срцето.“ Овој стих ни кажува најмалку две работи во врска со оваа дебата. Душата и духот можат да бидат разделени, а поделбата на душата и духот е нешто што само Бог може да го разликува. Наместо да се фокусираме на нешто кое не може да се знае за сигурно, подобро е да се фокусираме на Создателот, Кој не не создаде толку “чудесно“ (Псалм 139:14).

English



вратете се назад на основната македонска страница

Дали имаме два или три дела? Дали сме тело, душа, и дух – или – тело, душа-дух?
© Copyright Got Questions Ministries