Прашање
Зошто е важно посетување на црква?
Одговор
Библијата ни кажува дека треба да посетуваме црква за да можеме да Му служиме на Бог со другите верници и да бидеме поучени од Неговиот Збор за наш духовен растеж. Раната црква “беа постојани во учењето апостолско, во општувањето, во кршењето леб и во молитвите“ (Дела 2:42). Ние треба да го следиме тој пример на посветеност – и да ги правиме истите работи. Во тоа време, тие немаа назначена црквена зграда, но “секој ден еднодушно престојуваа во храмот и, кршејќи леб по куќите, се хранеа со радост и чисто срце“ (Дела 2:46). Каде и да беше одржан состанокот, верниците растеа во заедништвото со другите верници и во поучувањето на Божјиот Збор.
Посетувањето на црква не е само “добар предлог“; тоа е Божја волја за верниците. Евреите 10:25 ни кажува “не напуштајќи го своето собрание, како што некои имаат обичај, туку да се поучуваме еден друг, и тоа во толку повеќе, до колку гледате дека се приближува судниот ден.“ Дури и во раната црква, некои запаѓаа во лошата навика да не се состануваат со другите верници. Авторот на Евреите ни кажува дека не треба да го правиме тоа. Ни треба охрабрувањето кое посетувањето на црквата го овозможува. И доаѓањето на последните времиња треба да не поттикне да бидеме повеќе посветени во одењето на црква.
Црквата е местото каде верниците можат да се љубат еден со друг (1 Јован 4:12), може да се охрабруваат еден со друг (Евреите 3:13), да се поттикнуваат еден со друг кон љубов и добри дела (Евреите 10:24), да си служат еден на друг (Галатјаните 5:13), да се подучуваат еден со друг (Римјаните 15:14), да се почитуваат еден со друг (Римјаните 12:10), и да бидат внимателни и сочуствителни еден кон друг (Ефесјаните 4:32).
Кога некоја личност ќе поверува во Исус Христос за спасение, тој или таа е направен член на телото Христово (1 Коринтјаните 12.27). За црквено тело да функционира правилно, треба сите негови “членови“ да бидат присутни и да работат (1 Коринтјани 12:14-20). Не е доволно само да се присуствува на црква; ние треба да бидеме вклучени во некој вид на служба кон другите, користејќи ги духовните дарови кои Бог ни ги дал (Ефесјаните 4:11-13). Верникот никогаш нема да достигне целосна духовна зрелост, без помош за неговите дарови, и затоа на сите ни треба помош и охрабрување од другите верници (1 Коринтјаните 12:21-26).
Од овие причини и повеќе, посетувањето на црква, учеството и заедништвото треба да бидат редовни аспекти во животот на верникот. Неделното посетување на црква во никој случај не е “обавезно“ за верниците, но за некој кој припаѓа на Христос треба да се има желба да се обожава Бог, да се прими Неговиот Збор, и да се има заедништво со другите верници.
Исус е Камен-Темелникот на Црквата (1 Петар 2:6), а ние сме “како живи камења, изградувајте од себе духовен дом, свештенство свето, за да принесете духовни жртви, кои Му се на Бога пријатни преку Исуса Христа.“ (1 Петар 2:5). Како градежни материјали на Божјата “духовна куќа“ ние природно се поврзуваме едни со други, и тоа поврзување е очигледно секогаш кога Црквата “оди на црква.“
English
Зошто е важно посетување на црква?