settings icon
share icon
Прашање

Што Библијата вели за опседнатост од демон/демонска опседнатост?

Одговор


Библијата дава некои примери на опседнати луѓе или под влијание на демоните. Од овие примери можеме да најдеме некои симптоми на демонско влијание и да добиеме увид за тоа како демонот опседнува некого. Еве некои од библиските пасуси: Матеј 9:32-33; 12:22; 17:18; Марко 5:1-20; 7:26-30; Лука 4:33-36; Лука 22:3; Дела 16:16-18. Во некои од овие пасуси, демонската опседнатост предизвикува физички болести како што е неспособноста да се зборува, епилептични симптоми, слепило, и др. Во други случаи, предизвикува кај поединецот да прави зло, Јуда е главниот пример. Во Дела 16:16-18, духот очигледно дава на робинка некоја способност да знае работи надвор од своето учење. Опседнатиот човек од Гадаринскиот крај, кој беше опседнат од мноштво на демони (Легија), имаше натчовечка сила и живееше гол помеѓу гробовите. Царот Саул, откако се бунтуваше против Господ, беше измачуван од зол дух (1 Самоил 16:14-15; 18:10-11; 19:9-10) со очигледен ефект на депресивно однесување и зголемена желба да го убие Давид.

Така, постои широк спектар на можни симптоми на демонска опседнатост, како што е телесното оштетување, кое не може да се препише на вистински физиолошки проблем, промена на личноста како што се депресија или агресија, натчовечка сила, нескромност, антисоцијално однесување, а можеби и способноста да се споделуваат информации кои на природен начин нема шанси да се знаат. Важно е да се напомене дека речиси сите, ако не и сите, од овие карактеристики може да имаат други објаснувања, па затоа е важно да не се етикетира секоја депресивна личност или епилептично лице како опседнат од демон. Од друга страна, пак, западните култури не го земаат влијанието на Сатаната во животите на луѓето доволно сериозно.

Во прилог на овие физички или емотивни разлики, исто така може да се погледне и на духовните атрибути кои ни го покажуваат духовното влијание. Овие може да вклучуваат одбивање да се прости (2 Коринтјаните 2:10-11) и на верувањето и ширењето на лажни учења, особено во врска со Исус Христос и Неговото искупително дело (2 Коринтјаните 11:3-4, 13-15; 1 Тимотеј 4:1-5; 1 Јован 4:1-3).

Во врска со вмешаноста на демоните во животите на Христијаните, апостолот Петар е илустрација на фактот дека верникот може да биде под влијание на ѓаволот (Матеј 16.23). Некои припишуваат на Христијани, кои се под силно демонско влијание како да се “демонизирани,“ но не постои пример во Светото Писмо на верник во Христос да биде опседнат со демон. Повеќето теолози веруваат дека Христијанинот не може да биде опседнат со демон бидејќи тој го има Светиот Дух да пребива во него (2 Коринтјаните 1:22; 5:5; 1 Коринтјаните 6:19), и Божјиот Дух не може да споделува престој со демон.

Не ни е кажено точно како едно лице е отворено самото себеси за опседнатост. Ако случајот на Јуда е пример, тој го отвори своето срце за зло – во неговиот случај поради неговата лакомост (Јован 12:6). Па, може да биде можно ако некој дозволи неговото срце да биде владеено од постојан грев, тоа станува покана за демонот да влезе. Од мисионерските искуства, опседнатоста од демон се чини дека е поврзана со обожавањето на безбожните идоли и поседувањето на окултни материјали. Писмото постојано поврзува обожавање на идол со вистинско славење на демон (Левит 17:7; Второзаконие 32:17; Псалм 106:37; 1 Коринтјаните 10:20), така што не треба да биде изненадување дека вмешаноста со идолопоклонство може да доведе до демонска опседнатост.

Врз основа на горенаведените библиски пасуси, и некои од искуствата на мисионерите, можеме да заклучиме дека многу луѓе ги отварат нивните животи за демонско влијание со тоа што дозволуваат некој грев или преку вклученост во некој култ (свесно или несвесно). Примерите може да вклучуваат неморал, злоупотреба на дрога/алкохол која ја менува состојбата на нечија свест, бунтовништво, горчина, и трансцендентална медитација.

Постои нешто што не смееме да заборавиме. Сатаната и неговите зли поданици не можат да направат ништо освен ако немаат дозвола од Господ (Јов 1-2). И ова е случајот, Сатаната, мисли дека ги остварува своите цели, но всушност тој ги остварува Божјите добри цели, како што беше случајот со предавството на Јуда. Некои луѓе развиваат една нездрава фасцинација со окултизмот и демонската активност. Тоа е неразумно и небиблиски. Ако Го следиме Бог, ако се облечеме во неговиот оклоп, и се потпреме на Неговата сила (Ефесјаните 6:10-18), нема од што да се плашиме од злобните, зошто Бог владее над сите!

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што Библијата вели за опседнатост од демон/демонска опседнатост?
© Copyright Got Questions Ministries