settings icon
share icon
Прашање

Што Библијата кажува за демоните?

Одговор


Демоните се паднати ангели, како што ни кажува Откровение 12:9: “И беше исфрлен големиот змев – старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена, беше соборен на земјата, и заедно со него и ангелите негови беа исфрлени.“ Падот на Сатаната од небото е симболично опишан во Исаија 14:12 – 15 и Езекиел 28:12 – 15. Кога падна, Сатаната повлече некои од ангелите со него – една третина од нив, според Откровение 12:4. Јуда 6 исто така, споменува ангели кои згрешија. Па, библиски , демоните се паднати ангели кои, заедно со Сатаната, избраа да се бунтуваат против Бог.

Некои од демоните веќе се заклучени “во вечни окови, во мрак за суд на великиот ден“ (Јуда 6) за нивниот грев. Другите се слободни да лутаат и се наречени “светските управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата“ во Ефесјаните 6:12 (Колосјаните 2:15). Демоните се уште го следат Сатаната како нивен водач и се во борба со светите ангели во обид да го спречат Божјиот план и да го спречат Божјиот народ (Даниел 10:13).

Демоните, како духовни суштества, имаат способност да поседуваат физичко тело. Демонската опседнатост се случува кога телото на некоја личност е целосно контролирано од демон. Ова не може да му се случи на Божјо дете, бидејќи Светиот Дух живее во срцето на верникот во Христос (1 Јован 4:4).

Исус, за време на Својата служба на земјата, се соочуваше со многу демони. Се разбира, ниту еден од нив не можеше да се натпреварува со моќта на Христос: “А кога се стемни, доведоа при Него мнозина бесни, и Тој со еден збор ги изгони духовите“ (Матеј 8:16). Христовата власт над демоните беше еден од доказите дека Тој навистина беше Синот Божји (Лука 11:20). Демоните кои се соочуваа со Исус знаеја Кој беше Тој, и Му се плашеа: “И ете, извикаа и рекоа: „Што имаш со нас Ти, Исусе, Сине Божји! Зар си дошол тука предвреме да нè мачиш?” (Матеј 8:29). Демоните знаеја дека нивниот крај ќе биде една од маките.

Сатаната и неговите демони сега сакаат да ја уништат Божјата работа и да го измамат секој кој можат (1 Петар 5:8; 2 Коринтјаните 11:14-15). Демоните се опишани како зли духови (Матеј 10:1), како нечисти духови (Марко 1:27), лажливи духови (1 Цареви 22:23), и ангели на Сатаната (Откровение 12:9). Сатаната и неговите демони го мамат светот (2 Коринтјаните 4:4), шираат лажни доктрини (1 Тимотеј 4:1), ги напаѓаат Христијаните (2 Коринтјаните 12:7; 1 Петар 5:8), и се борат против светите ангели (Откровение 12:4-9).

Демоните/паднатите ангели се непријатели на Бог, но тие се поразени непријатели. Христос “ги разоружа началствата и властите и јавно ги изложи, победувајќи над нив во тоа “ (Колосјаните 2:15). Како што се покоруваме на Бог и се спротивставуваме на ѓаволот, ние немаме од што да се плашиме. “Вие сте, чеда, од Бога и нив сте ги победиле; зашто Оној, Кој е во вас, е поголем од оној што е во светот“ (1 Јован 4:4).

English



вратете се назад на основната македонска страница

Што Библијата кажува за демоните?
© Copyright Got Questions Ministries