settings icon
share icon
Прашање

Дали Бог го создаде злото?

Одговор


На прв поглед може да изгледа дека ако Бог си создал сите нешта, тогаш злото мора да е создадено од Бог. Сепак, злото не е ‘’нешто’’ како карпа или електрична енергија. Не може да имате тегла со зло. Злото не постои само по себе, реалноста е дека тоа е отсуство на добро. На пример, дупките се реални но тие постојат само во нешто друго. Отсуството на основа го нарекуваме дупка, но не може да биде одвоено од основата. Значи кога Бог создал, точно е дека се што создал Тој е добро. Една од добрите работи кои Бог ги создаде беа суштества кои ја имаа слободата да го изберат доброто. Со цел да имаат вистински избор, Бог мора да дозволи да има нешто покрај доброто да се избере. Затоа Бог дозволил овие слободни ангели и луѓе да изберат добро или да да го отфрлат доброто (злото). Кога постои лоша врска меѓу две добри работи тоа го нарекуваме зло, но не станува ‘’нешто’’ што бара од Бог да го создаде.

Може една илустрација ќе помогне. Ако некоја личност е прашана, ‘’Дали студот постои?’’ одговорот веројатно би бил ‘’да.’’ Сепак, ова не е точно. Студот не постои. Студот е отсуство на топлина. Слично на тоа, темнината не постои; тоа е отсуство на светлина. Злото е отсуство на добро, или подобро, злото е отсуството на Бог. Бог немаше потреба да го создаде злото, туку само да го дозволи отсуството на добро.

Бог не го создаде злото, но тој дозволува зло. Ако Бог не ја дозволеше можноста за зло, човештвото и ангелите, ќе му служеа на Бог од обврска, а не од избор. Тој не сакаше ‘’роботи’’ кои едноставно ќе го правеа тоа што Тој сакаше да го прават поради нивното ‘’програмирање.’’ Бог ја дозволува можноста за зло, така што ние вистински би имале слободна волја да избереме дали сакаме да Му служиме Нему или не.

Како ограничени човечки суштества, никогаш нема да можеме целосно да разбереме бесконечен Бог (Римјани 11:33-34). Понекогаш мислиме дека разбираме зошто Бог прави нешто, само за подоцна да откриеме дека било за различна цел од она што ние мислевме. Бог гледа на работите од света, и вечна перспектива. Ние гледаме од грешна, земна и привремена перспектива. Зошто Бог го постави човекот на земјата, знаејќи дека Адам и Ева ќе згрешат и со тоа ќе донесат зло, смрт и страдање на цело човештво? Зошто Тој не не создаде сите, и не остави во рајот каде сите би биле совршени и без страдање? Овие прашања не можат да бидат адекватно одговорени од оваа страна на вечноста. Она што може да се знае е дека што Бог што и да прави е свето и совршено, и на крајот ќе го прослави Него. Бог ја дозволи можноста за злото, со цел да ни даде вистински избор во однос на тоа дали ќе Му се поклонуваме. Бог не го создаде злото, но Тој го дозволи. Ако не го дозволеше злото, ќе бевме обврзани да Му се поклонуваме од обврска, а не со избор од нашата волја.

English



вратете се назад на основната македонска страница

Дали Бог го создаде злото?
© Copyright Got Questions Ministries