Прашање
Што е диспензационализам, и дали е библиски?
Одговор
Диспензација е начин на подредување на нештата – на државната управа, системот, или управувањето. Во теологијата, диспензацијата е божествената администрација на еден период на време; секоја диспензација е божествено назначено време. Диспензационализам е теолошки систем кој ги прифаќа овие години одредени од Бог да ги нареди работите на светот. Диспензационализмот има две примарни карактеристики: 1) Постојано буквално толкување на Библијата, особено библиските пророштва, и 2) Разлика помеѓу Израел и Црквата во Божјиот план. Класичниот диспензационализам идентификува седум диспензации во Божјиот план за човештвото.
Диспензационалистите се држат на буквално толкување на Библијата како најдобра херменевтика. Буквалното толкување значи на секој збор значи да му се дава тоа значење кое би го имало во секојдневната употреба. Попусти важат за симболите, метафорите, и видовите се разбира. Разбирливо е дека дури и симболите и метафорите имаат буквално значење зад нив. Така, на пример, кога Библијата зборува за “илјада години“ во Откровение 20, диспензационалистите го толкуваат како буквален период од 1000 години (диспензацијата на Царството), бидејќи не постои силна причина да се толкува поинаку.
Постојат најмалку две причини зошто буквалното толкување е најдобар начин да се гледа Светото Писмо. Прво, филозофски, целта на самиот јазик бара да ги толкуваме зборовите буквално. Јазикот беше даден од Бог со цел да се биде во можност да се комуницира. Зборовите се садови на значењето. Втората причина е библиска. Секое пророштво за Исус Христос во Стариот Завет беше исполнето буквално. Не постои не-дословно исполнување на месијанските пророштва во Новиот Завет. Ова се силни аргументи за буквалниот метод. Ако буквалното толкување не се користи во проучување на Светото Писмо, не постои објективен стандард со кој може да се разбере Библијата. Секој човек би бил во можност да ја толкува Библијата, како што тој смета дека е правилно. Толкувањето на Библијата ќе биде сведено на “што овој пасус ми вели на мене“ наместо “Библијата вели“. За жал, таков е веќе случајот во многу од она што се нарекува Библиско проучување денес.
Диспензационалната теологија учи дека постојат два различни народи кај Бог: Израел и Црквата. Диспензационалистите веруваат дека спасението секогаш било со вера – во Бог во Стариот Завет и конкретно во Бог Синот во Новиот Завет. Диспензационалистите се држат на тоа дека Црквата не го замени Израел во Божјата програма и дека Старо-Заветните ветувања за Израел не се префрлени на Црквата. Диспензационализмот учи дека ветувањата кои Бог ги даде на Израел (за земјиште, многу потомци, и благослови) ќе бидат исполнети во 1000-годишниот период за кој се зборува во Откровение 20. Диспензационалистите веруваат дека, како што Бог во овие години го насочува Своето внимание на Црквата, Тој во иднината повторно ќе го насочи Своето внимание кон Израел (види Римјаните 9 – 11 и Даниел 9:24).
Диспензационалистите сметаат дека Библијата е организира во седум диспензации: Невиност (Битие 1:1 – 3:7), Совест (Битие 3:8 – 8:22), Човечка Влада (Битие 9:1 – 11:32), Ветување (Битие 12:1 – Излез 19:25), Закон (Излез 20:1 – Дела 2:4), Благодат (Дела 2:4 – Откровение 20:3), и Илјадагодишното Царство (Откровение 20:4 – 6). Повторно, овие диспензации не се патот до спасението, туку начини на кои Бог се однесува кон човекот. Секоја диспензација вклучува препознатлив начин за тоа како Бог работел со луѓе кои живееле во диспензацијата. Начинот е 1) одговорност, 2) неуспех, 3) суд, 4) благодат да се продолжи понатаму.
English
Што е диспензационализам, и дали е библиски?