Прашање
Дали Бог постои? Има ли докази за тоа, дека Бог навистина постои?
Одговор
Дали бог постои? Многу е интересно тоа, дека се одделува толку многу време на тоа прашање. Последните проучувања покажуваат, дека повеќе од 90% од луѓето во светот веруваат во постоењето на Бог или на некоја друга виша сила. Но и покрај тоа, одговорноста да се докаже, по некаков начин постоењето на Бог, паѓа врз оние, што навистина веруваат во тоа. Лично јас мислам дека треба да е обратно.
Постоењето на Бог, всушност, не може да се докаже или отфрли. Во Библијата се кажува дека ние треба да го прифатиме фактот, дека Бог постои со вера: „А без вера не може да Му се угоди, зашто кој Му пристапува на Бога треба да верува дека има Бог и дека ги наградува оние кои Го бараат.“ (Евреи 11:6) Ако Бог посака, Тој може да се појави и да докаже на светот дека постои. Но ако го направи тоа тогаш нема да има потреба од вера. „„Исус му рече: „Поверува зашто Ме виде. Блажени се кои не виделе а поверувале“ (Јован 20:29).
Но тоа не значи дека не постојат докази за постоењето на Бога. Библијата кажува: „Небесата ја раскажуваат божјата слава, небесниот свод го навестува делото на Неговите раце. Денот на денот му го објавува тоа, а ноќта на ноќ й соопштува. Нема говор ни јазик, каде не ќе се чуе нивниот глас. Нивната вест се рашири по целата земја, а нивните зборови до крајот на вселената.“ (Псалм 19:1-4) Кога ги гледаме ѕвездите на небото, кога се обидуваме да ја одгатнеме бескрајността на вселената, кога ги набљудуваме чудата на природата и убавината на залезот – сето тоа ни зборува за Создателот Бог. И ако тоа не е доволно, самото наше срце зборува дека постои Бог. Во Проповедник 3:11 се кажува:„... им ја всади вечноста во нивните (човечките) срца...“ Длабоко внатре во нас ние разбираме дека постои нешто надвор од овој живот, дека има некој што е надвор од овој свет. Можеме да го негираме тоа знаење со нашиот ум, но Божественото присуство во нас и покрај нас продолжува да постои. Покрај сето тоа, Библијата не предупредува дека ќе има некои, што ќе го негираат постоењето на Бога. „Безумниот рече во своето срце: Нема Бог!“ (Псалм 14:1) Откако над 98% од луѓето во историјата на човештвото, во сите кутури, во сите цивилизации, на сите континенти веруваат во постоењето на некаков Бог, би требало да има нешто (или некој) кој го создал таквото верување.
Како дополнување на библиските аргументи за постоењето на Бог има и логични аргументи. Првиот од нив е онтолошкиот аргумент. Најпознатата форма на онтолошкиот аргумент како база го користи терминот „Бог“ како доказ за постоењето на Бога. Тој аргумент почнува со дефинирањето на Бога како „нешто поголемо и кое неможе да се зачне“. Потоа се тврди, дека да се постои е поголемо од тоа да не се постои, следува дека најголемото суштество треба да постои. Ако Бог не постои тогаш не би можел да е најголемото суштество, но тоа би противоречело на дефиницијата за Бог. Вториот е телеолошкиот аргумент. Телеолошкиот аргумент тврди, дека откако во вселената има таква учудувачка замисла, би требало да има и Божествен Проектант, Кој го создал. На пример ако земјата беше со неколку стотини километра поблизу или подалеку од сонцето, тогаш немаше да има услови за живот таков каков што го гледаме денес. Ако односот меѓу елементите во нашата атмосфера беше само со неколку проценти поразличен, секое живо суштество на земјата би умрело. Веројатноста еден едиствен молекул да се создаде случајно е 1 према 10²³³(Тоа е 10 со 243 нули). А една клетка се состои од милиони протеински молекули.
Третиот логички аргумент во поткрепа на постоењето на Бог е космолошки аргумент. Секоја последица е родена од некаква причина. Оваа вселена и се што е во неа е последица. Така да би требало да има нешто, што го предизвикало нивното постоење. И се разбира, би требало да има нешто, кое е „не причинето“, и кое да е причината за се останато. Тоа „не причинето“ нешто е Бог. Четвртиот аргумент е познат како морален аргумент. Секоја една култура во историјата има некаква форма на закон. Секој човек има чувство за тоа што е добро и што зло. Убиството, лагата, кражбата и неморалноста се работи, кои сите култури ги негираат. Од каде доаѓа тогаш тоа чувство за добро и зло ако не од Еден Свет Бог.
Покрај сите тие аргументи, библијата јасно ни кажува дека луѓето ќе го отфрлат неспорното и јасно знаење за Бога, и наместо тоа ќе поверуваат во лагата. Во Римјани 1:25 се кажува: „Нив, кои Божјата вистина ја заменија со лага, и му се поклонуваа и служеа на созданието место на Создателот, Кој е благословен довека, Амин!“ Библијата исто така, тврди дека луѓето немаат извинување за тоа дека не веруваат во Бога: „Па и Неговите невидливи својства, Неговата вечна сила и Божество, можат да се согледаат од создавањето на светот, набљудувани преку творбите.“ (Римјани 1:20)
Луѓето тврдат дека не веруваат во Бога зашто не е „научно“ или зашто „нема докази“. Вистинската причина е дека кога еднаш ќе признаат дека има Бог, тие треба исто така да осознаат дека се одговорни пред Бог и имаат потреба од Неговата прошка. (Римлјани 3:23; 6:23) Ако Бог постои, тогаш ние ќе одговараме за нашите постапки пред Него. Ако Бог не постои, тогаш ние ќе можеме да правиме сè што ќе поскаме, без да са плашиме за тоа дека Бог ќе не суди. Мислам дека точно затоа теоријата за еволуцијата се прифаќа од толку многу луѓе од нашето општество – зашто им дава алтернатива на верата во Создателот Бог. Бог постои и секој го знае тоа. Самиот факт дека некои толку агресивно се обидуваат да го отфрлат Неговото постоење, сам по себе е аргумент во корист на Неговото постоење.
Дозволете ми да ви дадам уште еден аргумент во корист на Божјото постоење. Од каде лично јас знам дека постои Бог? Го знам тоа, зашто секој ден разговарам со Него. Јас не го слушам гласот што ми зборува, но го чувствувам Неговото присуство и водителство, ја познавам Неговата љубов и копнеам за Неговата благодат. Во мојот живот ми се случиле многу работи, кои немаат друго објаснување освен тоа, дека постои Бог. Бог во Својата милост по еден чудотворен начин ме спаси и ми го промени животот, така да јас не можам да не признаам дека Тој постои и да не Го прославувам за тоа. Никој од тие аргументи посебно или сите заедно неможат да убедат никој дека Бог постои, ако тој човек откажува да го признае тоа, што толку јасно се гледа. И накрај Божјото постоење треба да се прифати со вера (Евреи 11:6) Верата во Бог не е скок во темницата, а уверен чекор напред во добро осветлена соба, во која се наоѓаат веќе 90% од луѓето на земјата.
English
Дали Бог постои? Има ли докази за тоа, дека Бог навистина постои?